АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ има потреба од надополнување на базата на потенцијални кандидати

DEKRA
  • Post date 01/02/2019

Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрена восхит. За нас во АЛКАЛОИД постојана инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го зачуваме овој скапоцен подарок на природата. Повеќе од осум децении со неуморна страст создаваме производи, кои се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец затоа што веруваме дека

 

ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ.

  Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и да ги остварите своите амбиции и визии за  личен успех; доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати, внимателно проследете ја следната информација:

А Л К А Л О И Д   А Д   С К О П Ј Е

има потреба од редовно годишно надополнување на базата на потенцијални кандидати од следните образовни профили и/или искуства:

 

  • Магистри по фармација  – ВСС
  • Лабораториски биоинженери – ВСС
  • Хемиски инженери – ВСС 
  • Доктори по општа медицина – ВСС
  • Доктори по стоматологија – ВСС 
  • Апсолвенти на фармацевтски факултет
  • Апсолвенти на хемиски факултет
  • Технолошки инженери – ВСС
  • Машински инженери – ВСС 
  • Електротехнички инженери – ВСС
  • Инженери по информатика – ВСС
  • Специјалисти по човечки ресурси – ВСС
 

 

  • Фармацевтски техничари – ССС                       
  • Хемиски техничари – ССС 
  • Медицински техничари – ССС
  • ИТ-техничари – ССС
  • Електротехничари – ССС  
  • Машински техничари – ССС
  • Котлари – ССС
  • Бравари – ССС
  • Гимназиско образование и друго ССС-образование за општи работници во производство, во магацини и за одржување хигиена

 

Доколку сте заинтересирани да бидете дел од базата на потенцијални кандидати за работни позиции што би се отвориле во текот на годината, ве охрабруваме да аплицирате на еден од следните начини:

 

  • со достава на писмо за мотивација, кратка биографија (CV), копија од дипломата за завршено формално образование и на копија од сертификати и од други дипломи, на електронската пошта career@alkaloid.com.mk со назнака „За влез во базата на потенцијални кандидати“;

 

 

Вкупната големина на елктронската апликација не треба да надминува 20 MB.

 

АЛКАЛОИД АД Скопје го задржува правото да исконтактира со заинтересираните кандидати доколку се појави потреба во текот на годината.

 

Job Detail
  • Expires on: 15.02.2019
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.