АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ ги објавува следните слободни работни места

Алкалоид АД Скопје
  • Post date 28/06/2019

 

Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрена восхит. За нас во АЛКАЛОИД, постојана инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го зачуваме овој скапоцен подарок на природата. Повеќе од 8 децении со неуморна страст создаваме производи кои се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец затоа што веруваме дека

ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ…

 alkaloid

 

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и да ги остварите своите амбиции и визијата за својот личен успех, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати, внимателно проследете ја следната информација:

 

А Л К А Л О И Д   А Д  С К О П Ј Е

 

ги објавува следните слободни работни места:

 

1.     Оддел: ПЦ Фармација – Контрола на квалитет Фармација

       Позиција: Оператор за изведба на анализи / Аналитичар

       Број на извршители: 10 (десет)

Како ќе Ве препознаеме:

–               Имате завршено високо образование: магистер по фармација/дипломиран фармацевт или хемиски инженер.

–               Имате познавања од аналитички инструменти, производствен процес, од стандарди за обезбедување квалитет или од регулатива.

–               Имате познавање и вештини за работа со софтвери.

–               Подготвени сте за брз одговор кон зададените задачи и за работа со кратки рокови.

–               Се одликувате со точност, прецизност и со педантност во работењето, со посебна грижа кон почитување на стандардите за безбедност и за здравје при работа.

–               Самоуверени сте во работата со пакетот MS Office.

–               Имате одлично познавање на англискиот јазик.

–               Работно искуство на позицијата ќе се смета за предност.

Цел и одговорност на работното место:

–               Изведба на физички и хемиски анализи поврзани со контрола на фазното производство и готов фармацевтски производ, испитување на стабилност на производите и развој на аналитчки методи, со цел обезбедување  на квалитетен фармацевтски производ во декларираниот рок на траење.

–               Водење документација за извршената анализа во аналитичко досие во согласност со методолошката постапка и заведување на резултатите од извршената анализа.

–               Грижа за правилно ракување, складирање и подготовка на хемиските реагенси.

–               Учество во квалификација на аналитички инструменти.

–               Учество во валидација на процеси, методи, валидација на чистење, мониторинг на простор и системи од хемиски аспект.

–               Извршување анализи поврзани со валидација на методолошките постапки.

–               Изработка протоколи и извештаи од валидацијата на аналитичката метода.

–               Изработка на протоколи и извештаи од трансфери на аналитички методи.

–               Следење литература поврзана со тековните анализи, водичи и СОП – ови, давање сугестии за подобрување на тековното работење и учество во дефинирање на методолошки постапки.

Работниот однос за позицијата првично се заснова со Договор за работа на определено време од 3 (три) месеци до 1 (една) година, во зависност од искуството на кандидатот, со можност за продолжување на договорот.

Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, во две смени со почеток од: прва смена од 6:30 или од 7:30 часот и втора смена од 14:00 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.

По потреба се организира и работа во сабота.

Предвидената основна нето-плата за позицијата може да варира и ќе зависи од работното искуство на кандидатот.

Писмото за мотивација, кратката биографија, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска пошта:

 career@alkaloid.com.mk

 со назнака:За оглас – Оператор за изведба на анализи / Аналитичар

 

 

 

2.       Оддел: ПЦ Фармација – Истражување и развој

           Позиција: Помошник-истражувач/истражувач во Аналитички развој

           Број на извршители: 5 (петмина)

Како ќе Ве препознаеме:

–       Имате завршено високо образование: магистер по фармација/дипломиран фармацевт или дипломиран хемиски инженер.

–       Имате основно познавање во областа на развој на аналитички метод, валидација на аналитичкиот метод и на анализи на проби и на трансфер на серии во производство.

–       Способни сте за работа во тим и имате силни индивидуални вредности и потенцијали.

–       Способни сте да работите со временски рокови и можете навреме и успешно да ги исполните проектните активности.

–       Самоиницијативноста и подготвеноста за учење Ви се воочливи лични карактеристики.

–       Дискретни сте и се однесувате одговорно кон доверливи информации и се грижите за нивната безбедност.

–       Поседувате високо ниво на комуникациски вештини.

–       Самоуверени сте во работата со пакетот MS Office.

–       Имате одлично познавање на англискиот јазик.

–       Работно искуство во фармацевтската индустрија ќе се смета за предност.

Цел и одговорност на работното место:

–       Комплетно изведување на процесите на истражувачката работа во Истражување и развој, со цел добивање безбеден, ефикасен и квалитетен производ.

–       Извршување на секојдневните аналитички, развојни и документациски активности во секторот за Развој на нови производи – Аналитички развој.

–       Редовно и навремено известување на претпоставениот, како и редовна комуникација со колегите во работната средина.

–       Грижа за средствата и за опремата за работа и безбедно работење со сите видови материјали.

–       Водење записи за активностите.

 

Работниот однос за позицијата првично се заснова со Договор за работа на определено време од 3 (три) месеци до 1 (една) година, во зависност од искуството на кандидатот, со можност за продолжување на договорот.

Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, во една смена, со почеток од 7:30 до 15:30 часот, а по потреба може да се организира и работа во втора смена. Неделното работно време е од понеделник до петок.

Предвидената основна нето-плата за позицијата може да варира и ќе зависи од работното искуство на кандидатот.

Писмото за мотивација, кратката биографија, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска пошта:

 career@alkaloid.com.mk

 со назнака:За оглас – Истражувач во Фармација – Аналитички развој”

 

 

 

 

3.      Оддел: ПЦ Фармација – Истражување и развој

          Позиција: Помошник-истражувач/истражувач во Технолошки развој

          Број на извршители: 5 (петмина)

Како ќе Ве препознаеме:

–       Имате завршено високо образование: магистер по фармација/дипломиран фармацевт.

–       Имате основно познавање во областа на развој на формулација, претформулација и на развој и на оптимизација на технолошкиот процес за нови производи, со цел добивање регистрација за соодветниот производ во согласност со законските регулативи.

–       Способни сте за работа во тим и имате силни индивидуални вредности и потенцијали.

–       Способни сте да работите со временски рокови и можете навреме и успешно да ги исполните проектните активности.

–       Самоиницијативноста и подготвеноста за учење Ви се воочливи лични карактеристики.

–       Дискретни сте и се однесувате одговорно кон доверливи информации и се грижите за нивната безбедност.

–       Поседувате високо ниво на комуникациски вештини.

–       Самоуверени сте во работата со пакетот MS Office.

–       Имате одлично познавање на англискиот јазик.

–       Работно искуство на позицијата ќе се смета за предност.

Цел и одговорност на работното место:

–       Комплетно изведување на процесите на истражувачката работа во Истражување и развој, со цел добивање безбеден, ефикасен и квалитетен производ.

–       Извршување на секојдневните активности поврзани со развој на формулација и на процес, со развојни и со документациски активности во секторот за Развој на нови производи, со технолошки развој.

–       Редовно и навремено известување на претпоставениот, како и редовна комуникација со колегите во работната средина.

–       Грижа за средствата и за опремата за работа и безбедно работење со сите видови материјали.

–       Водење записи за активностите.

 

Работниот однос за позицијата првично се заснова со Договор за работа на определено време од 3 (три) месеци до 1 (една) година, во зависност од искуството на кандидатот, со можност за продолжување на договорот.

Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, во една смена, со почеток од 7:30 до 15:30 часот, а по потреба може да се организира и работа во втора смена. Неделното работно време е од понеделник до петок.

Предвидената основна нето-плата за позицијата може да варира и ќе зависи од работното искуство на кандидатот.

Писмото за мотивација, кратката биографија, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска пошта:

career@alkaloid.com.mk

со назнака:За оглас – Истражувач во Фармација – Технолошки развој”

 

 

 

4.   Оддел: ПЦ Фармација – Истражување и развој

       Позиција: Инженер за одржување на опремата

       Број на извршители: 1 (еден)

Како ќе Ве препознаеме:

–       Имате завршено високо образование: машински инженер, електроинженер, ИТ-инженер, технолошки инженер.

–       Имате технички познавања за сервисирање и за одржување, како и познавање за работа со различни софтвери.

–       Поседувате комуникациски и организациски вештини.

–       Имате информатички познавања и самоувереност во работата со пакетот MS Office.

–       Имате одлично познавање на англискиот јазик.

–       Работно искуство на позицијата ќе се смета за предност.

Цел и одговорност на работното место:

–       Спроведување и организација на превентивно одржување, сервисирање и квалификација на инструменти, софтвери и на опрема во Истражување и развој.

–       Водење документација за интерно превентивно одржување, сервисирање и квалификација.

–       Реализирање на планот за квалификации.

–       Сервисна поддршка на Chromatography Data System (систем за податоци за хроматографија).

–       Комуникација и координација на активностите со надворешни сервисери.

–       Креирање барања за кориснички профили за опрема и за инструменти.

–       Изработка на стандардни оперативни постапки (СОП-ови).

–       Учество во инвестициски проекти и во други видови проекти во рамките на Истражување и развој.

Работниот однос за позицијата првично се заснова со Договор за работа на определено време од 3 (три) месеци до 1 (една) година, во зависност од искуството на кандидатот, со можност за продолжување на договорот.

Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, во една смена, со почеток од 7:30 до 15:30 часот, а по потреба може да се организира и работа во втора смена. Неделното работно време е од понеделник до петок.

Предвидената основна нето-плата за позицијата може да варира и ќе зависи од работното искуство на кандидатот.

Писмото за мотивација, кратката биографија, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска пошта:

 career@alkaloid.com.mk

 со назнака: „За оглас – Инженер за одржување на опремата во Истражување и развој”

 

5.         Оддел: ОЕ Корпоративни служби – Логистика – Енергетски менаџмент

            Позиција: специјалист за автоматизација, електроенергетски системи, енергетска контрола и за

            обновливи извори на енергија

            Број на извршители: 1 (еден)

Како ќе Ве препознаеме:

–       Имате завршено високо образование: Електрoтехнички факултет.

–       Имате минимум 5-годишно работно искуство како енергетски контролор.

–       Имате искуство во интернационални големи компании или организации.

–       Имате искуство за спроведување проверки и тестирања со опрема за мерење.

–       Имате искуство за извршување енергетска контрола на објектите, инсталациите, машините и на опремата на локалитетите.

–       Способни сте за работа во тим и имате силни индивидуални вредности и потенцијали.

–       Способни сте да работите со временски рокови и можете навреме и успешно да ги исполните проектните активности.

–       Самоиницијативноста и подготвеноста за учење Ви се воочливи лични карактеристики.

–       Постојано размислувате за подобрување на секојдневните активности.

–       Педантни сте, прецизни, максимално посветени и докажано сте одговорни при реализирање проекти.

–       Дискретни сте и се однесувате одговорно кон доверливи информации и се грижите за нивната безбедност.

–       Самоуверени сте во работата со пакетот MS Office.

–       Имате одлично познавање на англискиот јазик.

Цел и одговорност на работното место:

–       Предложување, проектирање, реализирање и надзор на мерките за подобрување на енергетската ефикасност и на енергетскиот менаџмент од областа на автоматизацијата.

–       Мерења, контрола и надзор на електроенергетскиот систем во рамките на локалитетите (производни и административни).

–       Предложување, проектирање, реализирање или надзор на мерките за подобрување на енергетската ефикасност и на енергетскиот менаџмент од областа на обновливите извори на енергија.

–       Енергетска контрола на објектите, инсталациите, машините и на опремата на локалитетите (производни и административни).

–       Надзор на реализирањето на мерките за подобрување на енергетската ефикасност и на енергетскиот менаџмент.

–       Супервизија на системите за надзор на енергетските системи.

–       Процена на трошоците и на добивките во текот на животниот циклус на мерките за енергетска ефикасност.

–       Проверки на енергетските системи, производните системи, објектите и на просториите, со цел наоѓање начини и мерки или помагање при наоѓање начини и мерки за подобрување на енергетската ефикасност и на енергетскиот менаџмент.

–       Давање предлози и техничко-економско-правна обработка на мерките за подобрување на енергетската ефикасност, енергетската информираност и на енергетската безбедност.

–       Следење на новостите и на унапредувањата во автоматизацијата, енергетиката, енергетската контрола и во обновливите извори на енергија.

 

Работниот однос за позицијата првично се заснова со Договор за работа на определено време од 3 (три) месеци до 1 (една) година, во зависност од искуството на кандидатот, со можност за продолжување на договорот.

Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, во една смена, со почеток од 7:30 до 15:30 часот, а по потреба може да се организира и работа во втора смена. Неделното работно време е од понеделник до петок.

Предвидената основна нето-плата за позицијата може да варира и ќе зависи од работното искуство на кандидатот.

Писмото за мотивација, кратката биографија, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска пошта:

 career@alkaloid.com.mk

 со назнака: „За оглас – Специјалист за енергетски менаџмент”

 

 

Вкупната големина на елктронската апликација не треба да надминува 20 MB.

При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.

Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.

Огласот ќе биде отворен до 12.7.2019.

Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45, 90 или од 120 дена од завршување на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати, согласно со членот 23 од Законот за работни односи.

 

Job Detail
  • Expires on: 12.07.2019
  • Email for application: career@alkaloid.com.mk
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.