Бренд менаџер

DEKRA
  • Post date 05/02/2019

Бидете дел од Мако Маркет!

Вработуваме:

Бренд МЕНАЏЕР

 

 

Кои сме ние?

Мако Маркет e дел од AGNA Group, компанија со 151 вработен, на територијата на Р. Македонија, извозник за Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија и Австралија.

Компанијата е основана во 1990 година со основна дејност – производство, увоз и дистрибуција со прехрамбени и непрехрамбени производи за широка потрошувачка. Наши партнери и клиенти се: MEGA, Ficosota, Arix, La Famiglia, Lords. Наши брендови се: Мое Колаче и Тазе пуканки.

 

Опис на работната позиција:

 

  • Организирање на целокупното работење и стратегија за развој на брендот;
  • Подготовка на план и стратегија за развој на брендот;
  • Обезбедување на сите аспекти на маркетинг активности, а со цел остварување на стратешките цели на компанијата;
  • Соработка со сите сектори во компанијата во врска со брендот;
  • Клучна улога при продажбата, следење на продажбата, зголемување на продажбата, лојалност кон брендот и учеството на пазарот;
  • Пронаоѓање на нови маркетинг можности, максимизирање на сите можности за раст и развој на брендот;
  • Креаирање на буџет за маркетинг, креирање на маркетинг стратегија и соработка со маркетинг тимот, како и спроведување на истата во регионот;
  • Присуство и претставување на брендот на меѓународни саеми и настани, менаџирање и мотивирање на тимот.

 

Услови и компетенции:

  • Основни услови: ВСС (пожелно економски);
  • Искуство како бренд менаџер во производствена индустрија или дистрибуција, искуство во комерција и особено маркетинг ќе се смета за предност;
  • Корпоративни вредности: интегритет, респект, ентузијазам/енергија, раст и извонредност, натпреварувачки дух, креативност, фокус на клиенти;
  • Општи компетенци: возачка дозвола Б категорија, одлично познавање на Microsoft Office, одлично познавање на англиски јазик.

 

Што нудиме?

  • Одлична работна атмосфера;
  • Можност за развој преку адекватни развојни планови и тренинг програми;
  • Унапредувања и комуникација со другите компании од групацијата.

 

Доколку сакате да станете  дел од нашиот успешен и динамичен тим и сметате дека ги исполнувате условите на овој конкурс, аплицирајте најдоцна до  15.02.2019 год.

За аплицирање на огласот испратете го Вашето CV на rp@makomarket.com.mk

Мако Маркет ДОО

ул. Првомајска бб,

1000 Скопје

Напомена: Сите пријави ќе бидат разгледани, но само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.

Job Detail
  • Expires on: 15.02.2019
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.