ИТ КООРДИНАТОР

DEKRA
  • Post date 20/05/2020

Во име на својот клиент, КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД – Друштво за осигурување на живот, прва и водечка компанија во полето на осигурување на Живот во Македонија, ДЕКРА ја огласува позицијата:

  • ИТ КООРДИНАТОР 

ОДГОВОРНОСТИ И ЗАДАЧИ:

  • Одржување на серверската инфраструктура и компјутерската мрежа;
  • Aдминистрација на базите на податоци (Microsoft SQL DB);
  • Администрација на ЕРП и останатите софтверски решенија во Друштвото;
  • Редовно правење на резервни копии (backup) на програмите и базите на податоци;
  • Инсталација и ажурирање на потребни софтверски пакети на работните станици;
  • Генерирање на предефинирани извештаи од базата на податоци;
  • Учество во ажурирање на работни процедури во доменот на ИТ;
  • Анализа и оценка на ризици поврзани со сигурноста на информацискиот систем на Друштвото;
  • Следење и реализација на планот за континуитет на ИТ системот;
  • Следење на трендовите во ИТ индустријата и давање предлози за адекватна примена.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Работно искуство од најмалку 2 години;
  • Завршено високо образование од областа на информатичките науки;
  • Искуство со работа со комплексни ЕРП системи;
  • Одлично познавање на релациони бази на податоци (Microsoft SQL DB);
  • Познавања од веб технологии и веб сервиси;
  • Основни познавања од JavaScript, HTML, CSS и XML;
  • Основни познавања од Jasper Reports;
  • Одлични комуникациски вештини, тимска работа, самоиницијативност и аналитички способности;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Вештини за менаџирање со време и мултитаскинг.

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

Кандидатите кои се заинтересирани и ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: rabota@dekra.mk.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 01/06/2020 година

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Job Detail
  • Location: Skopje, Macedonia
  • Expires on: 01.06.2020
  • Email for application: rabota@dekra.mk
  • Industry: Information and Communications Technology –ICT, Insurance
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.