Дијагностика Фармахем – специјалистичка биохемиска лабораторија – Скопје
има потреба од:
- Mедицински лаборант / дипл. инженер по биологија/хемија (1 позиција)
Барања за позицијата:
– Завршено средно-медицинско образование (медицински лаборант со положен стручен испит) и/или високо образование: ПМФ (Инст. Биологија или Хемија);
– Работно искуство во биохемиска лабораторија (минимум 3 години): земање материјал за анлиза и лабораториски испитувања од областа на хематологијата, биохемијата и имунологијата;
– Одлично познавање на Microsoft Office и англиски јазик (пишување и зборување);
– Способност за тимска работа и извршување повеќе работни задачи истовремено, иницијативност, логичко размислување, комуникативност;
– Поседување Б возачка дозвола.
Работни задачи:
Земање материјал за анализа, прием на пациенти и лабораториски испитувања од областa на хематологијата, биохемијата и имунологијата.
Позицијата е на шест месеци, со можност за продолжување.
Нудиме:
- атрактивна и динамична работа;
- можност за надградба на професионален план;
- одлични услови за работа.
Позицијата е со седиште во Скопје. Работно време од 40 часа неделно.
Доколку ги исполнувате горенаведените услови и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете ја Вашата биографија на lab@farmahem.com.mk најдоцна до 30.09.2020.
Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју и проверка на знаењата.
Job Detail
- Expires on: 30.09.2020
- Email for application: lab@farmahem.com.mk