Отворени повеќе работни позиции

DEKRA
  • Post date 09/10/2019

Во име на нашиот клиент, компанија која е лидер во областа на осигурување, ДЕКРА ги објавува следните позиции:

  1. МЕНАЏЕР ЗА ШТЕТИ 

-Одговорен е за правилно, навремено и точно решавање на штетите, согласно закон и интерни процедури;
-Го организира целиот процес на решавање на штети;
-Организира и учествува на состаноци на Комисија за решавање на штети;
-Обработка на барања за штети;
-Контрола на извештаи;
-Контактирање и средби со осигуреници во насока на решавање на приговори и претставки;
-Подготвува и одобрува известувања кон осигуреници;
-Одобрува исплати на осигурени суми по основ на решени штети;
-Подготвува статистички квартални податоци;
-Подготвува извештаи по одржани состаноци за решавање на штети;
-Ги следи Законските прописи и промени во делот на решавање на штети.

  1. ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ

-Изготвување на проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам и нејзино редовно ажурирање;
-Воведување и примена на програми за ефикасно намалување и управување со идентификуваниот ризик од перење пари и финансирање на тероризам;
-Анализа на клиентите;
-Известување и доставување на податоци, информации и документација до Управата согласно со одредбите од овој закон и подзаконските акти донесени врз негова основа;
-Чување, заштита и водење евиденција на податоци;
-Спроведување обуки за СППФТ;
-Ги следи Законските прописи и промени во делот на СППФТ.

  1. ВОДИТЕЛ НА ПОЗАДИНСКА ПОДДРШКА

-Логистика, организација и координација на работните активности во позадински процеси;
-Следење и организација на процесот на наплата на премија;
-Следење и организација на процесот на наплата на премија;
-Креирање на годишна стратегија за наплата на старо портфолио;
-Координација и контрола на усогласеност на ИСО стандардот;
-Анализи согласно потреби на работен процес;
-Секојденва оперативна комуникација со Банки;
-Креирање на предлози за подобрување на продажбата преку сите канали на продажба;
-Учествува во креирање на нови производи.

  1. ПРОЕКТ МЕНАЏЕР

-Подготвува предлог план за проекти;
-Следи реализација на проекти;
-Подготвува целосна документација за спроведување на проектите;
-Врши тестирање при имплементација на проекти со надградба на софтвер и прифаќање на истите;
-Предлага и развива нови производи;
-Врши анализа на пазар;
-Спроведува набавки во Друштвото;
-Подготвува план за промотивни активности;
-Изготвува извештаи по основ на промотивни активности.

Сите заинтересирани кандидати своите кратки биографии можат да ги испратат на следната e-mail адреса: rabota@dekra.mk.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 19/11/2019.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, ќе бидат контактирани.

Job Detail
  • Expires on: 19.11.2019
  • Email for application: rabota@dekra.mk
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.