Отворени работни места во Финска: CNC OПЕРАТОРИ и CNC ПРОГРАМЕРИ

DEKRA
  • Post date 02/11/2018
Job Description

Во соработка со повеќе компании кои работат во металната индустрија во Финска, ДЕКРА ги огласува следниве позиции:

CNC OПЕРАТОРИ

CNC ПРОГРАМЕРИ

Qualifications
  • Завршено средно образование - техничка насока ќе се смета за предност
  • Задолжително претходно работно искуство на иста позиција
  • Работно иксуство со програмирање на Heidenhain и Siemens 840D CNC машини и познавање на Amada, SafanDarley, Triumph се смета за предност
  • Добро познавање на Англиски јазик
  • ЕУ државјанство не е задолжително, но ќе се смета за предност
Professional Knowledge and Skills
  • Презицност и ориентираност кон детали
  • Способност за самостојност и независност во работата
  • Добра здравствена и психофизичка подготвеност
  • Уредност и грижа за техничката и хигиенската исправност на машините и работниот простор
  • Способност за читање на технички инструкции за управување со машини и техничка документација
  • Способност за изведување основни математички операции
  • Професионалност во извршување на секојдневните обврски
  • Одговорност при следење на компаниските правила и процедури
  • Подготвеност за работа во смени и работа во мултикултурна средина
  • Мотивираност и подготвеност за живеење во странство
Additional Information
  • Работниот бруто час за прва смена од Понеделник до Петок се движи од 13 до 20 Евра во зависност од позицијата и компанијата, како и од искуството и знаењето на кандидатите кои ќе бидат дискутирани директно со клиентите
  • Прекувремена работа и работа во смени се доплаќа дополнително согласно финските законски регулативи
  • Првичните договори за вработување се од 6 до 12 месеци со можност за продолжување
  • Процедурата за вадење на работна виза за кандидатите со МК пасош трае од 2 до 4 месеци и се започнува преку аплицирање во финската амбасада во Р.Србија
    (апликацијата за виза чини околу 450 Евра и половина од сумата ја покриваат клиентите)
  • Кандидати се навремено известени по интервјуто со клиентите кои трошоци (патни трошоци и трошоци за сместување) ќе им бидат рефундирани

 

Сите заинтересирани можат да аплицираат со испраќање на своите професионални биографии на work@dekra.mk.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат контактирани за интервју.

 

Job Detail
  • Expires on: 15.02.2019
  • Email for application: work@dekra.mk
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.