РАКОВОДИТЕЛ НА ПРОИЗВОДСТВО И КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

DEKRA
  • Post date 31/01/2019
Company Description

За потребите на нашиот клиент, компанија од прехрамбената индустрија, Декра ја огласува следната позиција:

  • Раководител на производство и контрола на квалитет
Job Description
  • Го координира и организира производството на сокови, каши и други преработки, согласно годишниот и месечниот план;
  • Ги дефинира потребите од репроматеријали и суровини врз основа на месечниот и годишниот план;
  • Се грижи за рационално користење на работна рака, репроматеријали, суровини како и користење на средствата за производство;
  • Ја следи контролата на квалитет на сите примени репроматеријали, суровини, полупроизводи и амбалажа;
  • Дефинира постапка за производство за сокови и преработка на овошје;
  • Организира редовна контрола на готовите производи, водата, согласно важечките прописи и соработка со овластените институции за таа намена;
  • Се грижи за едукација на стручните, раководините и останатите производствени кадри;
  • Дава предлози за прием, прераспределување на работниците во рамките на систематизација и потребите во процесот на производство;
  • Го организира производството, распоредот на вработените по работни места и смени;
  • Дава налог на технолозите и сменоводителите за производство;
  • Врши контрола на користењето на репроматеријали и суровини;
  • Ги одобрува работните налози за потрошените репрометеријали и суровини, количина на производство и остапува од нормативите на потрошувачка;
  • Врши контрола на придржувањето на производството кон рецептурите доставени од стручната служба на матичната компанија во однапред дефинираната постапка за производство;
  • Го организира процесот на преработка на овошје, сместување и чување на полупроизводите во складиште;
  • Води архива за извршените здраствени хигиено- биолошки анализи на готовите производи;
  • Води евиденција за санитарните прегледи на вработените;
  • Се грижи за одржување на хигиената во друштвото;
  • Го организира и контролира чистењето на опремата и средствата;
  • Се придржува кон мерките за ХТЗ и ППЗ;
  • Должен е да биде лојален кон друштвото и да ја чува совесно и строго деловната тајна.

 

 

 

Qualifications
  • Завршено Виско Образование- Технолошка струка, предност Прехрамбен смер;
  • Минимум 5 години работно искуство на иста или слична позиција;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Одлично владеење на MS Office package;
  • Возачка дозвола- Б категорија.
Professional Knowledge and Skills
  • Способност за менаџирање и контролирање на работата и обврските;
  • Одлични интерперсонални вештини и способност за работа во тим;
  • Одлични комуникациски (усни и писмени) и презентациски вештини;
  • Конструктивен пристап кон работни предизвици и цели;
  • Проактивност, одговорност, систематичност и ориентираност кон остварување резултати;
  • Позитивен ментален став;
  • Способност за организирање задачи според приоритет, работа под притисок и кратки рокови.
Additional Information

Кандидатите кои се заинтересирани и ги исполнуваат горенаведените услови своите професионални биографии можат да ги испратат на: job@dekra.mk

Крајниот рок за аплицирање е: 03/03/2019

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Job Detail
  • Expires on: 03.03.2019
  • Email for application: job@dekra.mk
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.