DEKRA
Опис на компанијата
Во име на својот клиент, ДЕКРА објавува отворен конкурс за позицијата:
- Администратор
Опис на работното место
- Спроведување административни активности, грижа за непречено фукнкционирање на канцеларијата и поддршка на целокупното административно работење;
- Прием на пошта, архивирање, дистрибуирање;
- Архивирање на излезна пошта, скенирање, копирање;
- Подготовка на документација за АВРМ, пријава/одјава на вработени во АВРМ и користење на електронскиот систем за пријава на вработени во АВРМ;
- Подготовка на документација за ФЗО, пријава/одјава во ФЗО, документи за боледување; следење на предмети, комуникација со вработените;
- Посета на институции (УЈП, ПИОМ, ФЗО, Централен регистар итн.) и достава на документација;
- Подготовка на документи – персонални досиеа на вработени (годишни одмори, решенија за одмор, боледувања, разни потврди);
- Водење на секаков вид на евиденција од работниот однос, дневни отсуства од работа по сите основи (платени и неплатени).
Потребни квалификации
- Завршено Високо образование;
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
- Познавање на работа на компјутер (MS Office, Outlook);
- Познавање на Англиски јазик.
Професионални знаења и способности
- Развиени способности за тимска работа;
- Развиени комуникациски вештини;
- Организираност, аналитичност и флексибилност;
- Способност за мултитаскинг и работа со крајни рокови;
- Професионалност, работна етика и доверливост во однос на информации и податоци.
Дополнителни информации
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги проследат на: office@dekra.mk
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 28.01.2019.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
Детали за огласот
- Место: Скопје, Македонија
- Истекува на: 28.01.2019
- Емаил за апликација: office@dekra.mk
- Индустрија: Секретарска и административна работа
-
Вид на вработување:
Полно работно време на неопределено