АДМИНИСТРАТОР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Day Care
  • Објавено на: 27/04/2017
Опис на компанијата

Дејноста на компанијата Day Care е давање на професионални услуги за грижа и нега на деца, грижа и нега на возрасни лица и одржување на домаќинства за потребите на своите клиенти, односно семејствата во град Скопје.

Компанијата има потреба од следната работна позиција:

АДМИНИСТРАТОР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Опис на работното место
  • Асистенција при процесот на регрутација и селекција  на кандидати;
  • Ажурирање на базата на финалните кандидати;
  • Прием на дојдовни телефонски повици и презентирање на принципите на работа на компанијата;
  • Примање на барања од клиенти и изготвување на понуди на клиенти;
  • Организирање на состаноци со клиенти и потенцијални кандидати;
  • Комуникација со предложените кандидати заради решавање на евентуални спорни ситуации околу нивниот работен статус;
  • Комуникација со клиентите заради проверка на успешното обавување на работењето на кандидатите;
  • Следење на правни регулативи потребни за работата на компанијата;
  • Административно работење;
Потребни квалификации
  • ВСС - за предност ќе се смета факултет од областа на психологија или социјална работа и политика;
  • Одлично познавање на Англиски јазик;
  • Добро познавање на MS Office пакетот;
Професионални знаења и способности
  • Динамична личност со изразени комуникациски и презентациски вештини;
  • Способност за работа под притисок и работа со кратки рокови;
  • Професионалност и дискретност;
  • Одговорност и уредност во извршување на секојдневните обврски;
  • Аналитичност, организираност и самоиницијативност;
  • Способност за тимска работа;
Дополнителни информации

Работно време за оваа работна позиција е од Понеделник до Петок од 8.30 ч. до 16.30 ч.

Сите заинтересирани можат да аплицираат со испраќање на своите професионални биографии на е-маил info@daycare.com.mk.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 10/05/2017.                                               

Дискрецијата на сите кандидати е загарантирана и пристигнатите апликации ќе се третираат со максимална доверливост.

Детали за огласот
  • Место: Скопје, Македонија
  • Истекува на: 10.05.2017
  • Емаил за апликација: info@daycare.com.mk
  • Индустрија: Човечки ресурси
  • Вид на вработување:
    Полно работно време на неопределено
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.