АСИСТЕНТ ЗА МАРКЕТИНГ

АУТОМОБИЛЕ-СК ДОО Скопје
  • Објавено на: 26/06/2018
Опис на компанијата

Наш клиент е АУТОМОБИЛЕ-СК ДОО Скопје, ексклузивен увозник за марките FIAT, ALFA ROMEO и JEEP за Македонија и Косово. За потребите на својот клиент, Декра ја огласува следнава позиција: 

  • АСИСТЕНТ ЗА МАРКЕТИНГ
Опис на работното место
  • Ја следи и применува маркетинг и комуникациската политиката на производителот и увозникот;
  • Помага во подготовката, спроведувањето и следењето на рекламните и комуникациските кампањи за производи и услуги, на сите медиуми;
  • Врши константна анализа и изработува извештаи поврзани со сите активности од пазарот на нови возила;
  • Предлага и организира комуникациски настани; по потреба подготвува/ преведува пр соопштенија, комуницира со новинари;
  • Ја развива и управува содржината на сите интернет сајтови на увозникот во согласност со вредностите и карактеристиките на брендовите и политиката на производителот;
  • Ги надгледува каналите за online маркетинг ( социјални и дигитални медиуми) и спроведувањето на содржините и кампањите;
  • Ги поддржува и следи маркетинг и рекламните активности на дилерите;
  • Го поддржува CRM системот на компанијата;
  • Остварува блиска соработка со тимот за продажба и после продажба;
  • Извршува други деловни задачи од делокругот на работењето по барање на претпоставениот.
Потребни квалификации
  • Најмалку 3 години претходно работно искуство во следниве области: адвертајзинг, социјални/дигитални медиуми, комуникации и настани;
  • Високо образование, Економски факултет, насоки од областа на маркетинг, комуникации или бизнис;
  • Одлично познавање на англиски јазик; владеење на втор странски јазик ќе се смета за предност;
  • Напредни познавања на Adobe и MS Office;
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Искуство во следење на буџети;
  • Искуство во делот на интернет маркетинг ( социјални, дигитални медиуми) ќе се смета за предност.

 

Професионални знаења и способности
  • Одлични интерперсонални вештини и вештини за работа во тим;
  • Одлични комуникациски (усни и писмени) и презентациски вештини;
  • Проактивност, одговорност, систематичност и ориентираност кон остварување резултати;
  • Способност за организирање задачи според приоритет, работа под притисок и кратки рокови.

 

 

Дополнителни информации

Клиентот, своите сили ги насочува кон запознавање на потребите на купувачите, понуда на производи и услуги кои ќе ги задоволат очекувањата на пазарот, запознавање на степенот на задоволство на своите клиенти и имплементација на политиката на одржлив развој со акцент на заштитата на животната средина.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите кратки биографии на англиски јазик, може да ги испратат на следната емаил адреса: rabota@dekra.mk.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Детали за огласот
  • Место: Скопје, Македонија
  • Истекува на: 10.07.2018
  • Емаил за апликација: rabota@dekra.mk
  • Индустрија: Маркетинг и ПР, Продажба и набавка
  • Вид на вработување:
    Полно работно време на неопределено
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.