Генерален Директор

DEKRA
  • Објавено на: 12/04/2018
Опис на компанијата

Раде Кончар – Контактори и Релеи e единствена компанија на Балканот која успешно произведува сопствен програм за продукција на АЦ и ДЦ контактори, модуларни и помошни контактори, биметални релеи, осигурувачи, прекинувачи за ротирачки камери и сите основни елементи на управувањето на релејниот контактор.

Во име на Раде Кончар, Декра ја објавува позицијата: Генерален Директор

Опис на работното место
  • Развивање и спроведување на долгорочен стратешки план;
  • Организирање и надзор на работата на сите одделенија;
  • Надзор на тековно имплементирање на интерните политики и процедури;
  • Следење на сите постоечки и потенцијални пазари и идентификување на соодветни деловни можности;
  • Проценка и имплементација на стратегии и активности за можности за извоз;
  • Унапредување на постојните процеси во компанијата;
  • Организација на непречно и ефикасно функционирање на сите сектори.

 

 

Потребни квалификации
  • Завршено Високо образование - Елетротехнички или Машински Факултет;
  • Над 5 години работно искуство на соодветна позиција;
  • Добро познавање на македонскиот и интернационалниот пазар;
  • Одлично познавање на Англиски јазик.
Професионални знаења и способности
  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини;
  • Високо развиени вештини за планирање и организирање;
  • Одговорно следење на компаниските правила и процедури;
  • Лидерски вештини и развиена способност за градење и развој на професионален и долготраен однос со клиенти;
  • Аналитичност и ориентираност кон резултати;
  • Професионалност, одговорност и лојалност.
Дополнителни информации

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите кратки биографии можат да ги испратат на следната e-mail адреса: job@dekra.mk

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 20/04/2018.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии, ќе се третираат со максимална доверливост.

Детали за огласот
  • Место: Скопје, Македонија
  • Истекува на: 20.04.2018
  • Индустрија: Производство
  • Вид на вработување:
    Полно работно време на неопределено
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.