ИНЖИНЕР ОД ОБЛАСТА НА ИНДУСТРИСКА АВТОМАТИЗАЦИЈА (Крањ, Словенија)

Comita Group
  • Објавено на: 09/02/2018
Опис на компанијата

Групацијата Comita е сојуз на руски и европски компании кои го комбинираат интелектуалниот и индустрискиот потенцијал со цел да развијат иновативни системски решенија од областа на телекомуникациите, автоматизацијата на процесите, метрологијата, безбедноста, енергетската ефикасност и индустриското осветлување.

Во име на нашиот клиент, Декра ја огласува следната работна позиција: 

  • Инжинер од областа на индустриска автоматизација - М/Ж со локација во Крањ, Словенија
Опис на работното место
  • Подготовка на системски решенија за индустриска автоматизација во областа на енергетиката;
  • Планирање, тестирање и пуштање во употреба на системите за автоматизација во производните простории на компанијата и на терен;
  • Грижа за непрекинат развој на системските програмски и машински решенија од областа на индустриската автоматизација;
  • Изработка на функционални и технички спецификации зависни од проектот;
  • Изработка на проектна документација;
  • Работа со графички поддржани програми за конструирање и документирање (на пример AutoCAD, MS програми итн.).
Потребни квалификации
  • Завршен VII. степен студии од техничка област;
  • Пожелно е работно искуство во областа, но не е задолжително;
  • Пожелно е искуство од областа на проектен менаџмент;
  • Пожелно е искуство со програмирање на контролори (предност ќе имаат кандидатите кои ги познаваат Siemens контролорите);
  • Добри компјутерски познавања;
  • Возачка дозвола Б категорија.
Професионални знаења и способности
  • Пожелно е поседување на сертификат за завршен англиски, германски или руски јазик;
  • Познавања од областа на програмирање или дизајн на системски решенија во областа на индустриската автоматизација;
  • Пожелно е познавање на системот SCADA;
  • Пожелно е познавање на алатки за електро проектирање (WSCAD, EPLAN)
  • Пожелно е поседување на сертификат за SCADA;
  • Пожелно е поседување на сертификат за WSCAD, EPLAN.
Дополнителни информации

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии на Англиски јазик можат да ги испратат на: n.zorz@comitagroup.com
Крајниот рок за аплицирање е до 09/03/2018 година.

 

Детали за огласот
  • Место: Крањ, Словенија
  • Истекува на: 09.03.2018
  • Емаил за апликација: n.zorz@comitagroup.com
  • Индустрија: Машинство и електротехника, Проекти/Развој/Систем и Контрола на квалитет
  • Вид на вработување:
    Полно работно време на неопределено
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.