Комерцијален Координатор

DEKRA
  • Објавено на: 07/03/2018
Опис на компанијата

Наш клиент е глобална водечка компанија, која работи во доменот на трговија и маркетинг, активна на 47 пазари низ целиот свет. Со својот бренд гради мрежа на корисници, мали, средни и големи претпријатија и онлајн партнери кои овозможуваат на сите луѓе да заштедат пари при вршење на секојдневните купувања во кој било трговски сектор низ целиот свет. За потребите на својот клиент, Декра ја огласува следната позиција:

  • Комерцијален Координатор
Опис на работното место
  • Исполнување на зададените таргети за продажба во секторот за Мали и Средни претпријатија;
  • Постојана комуникација и одржување на контакти со постоечките клиенти од зададеното портфолио;
  • Наплата на побарувања од клиенти;
  • Регионални посети на клиенти и опсервација на потребите.
Потребни квалификации
  • Високо Образование, пожелно е Економски факултет или Бизнис Администрација;
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција (продажба, комерција и преговарање); 
  • Работа со MS Office package;
  • Одлично познавање на Англиски јазик;
  • Возачка дозвола- Б категорија.
Професионални знаења и способности
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини;
  • Способност за градење и развивање на професионален однос со клинети;
  • Ориентираност кон остварување на резултати;
  • Проактивност, организираност и лојалност;
  • Способност за работа во динамична средина.
 

 

Дополнителни информации

Клинетот нуди можност за стручно усовршување и напредување во рамките на компанијата и секогаш бара флексибилни и мотивирани луѓе кои ќе го зајакнат нивниот динамичен тим. 

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите кратки биографии можат да ги испратат на следната e-mail адреса: rabota@dekra.mk

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 18/03/2018.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии, ќе се третираат со максимална доверливост.

Детали за огласот
  • Место: Скопје, Македонија
  • Истекува на: 18.03.2018
  • Емаил за апликација: rabota@dekra.mk
  • Индустрија: Продажба и набавка
  • Вид на вработување:
    Полно работно време на определено
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.