Лице за склопување на индустриски делови

Теламон
  • Објавено на: 06/07/2018
Опис на компанијата

Kако една од најголемите приватни компании во Индијана за производство на кабелски сетови за пасивни системи за безбедност од автомобилската индустрија, нашиот клиент ТЕЛАМОН, со 9 локации во САД, Кина и Мексико, отвара фабрика и во Скопје, Инџиково како  една од најповолните локации за индустриско производство, за да обезбеди услуги, висок квалитет и навремена испорака за своите потрошувачи. Во име на својот клиент, Декра ја огласува следната позиција:

  • Лице за склопување на индустриски делови
Опис на работното место
  • Склопување на индустриски делови според упатствата за процесот на квалитет користејќи разни алатки;  
  • Тестирање на склопената опрема;
  • Ги потврдува сите делови и налепници согласно упатствата за работа;
  • Евидентирање на серискиот број на делот на серијата;
  • Следење на едноделен проток при склопување на готовите производи;
  • Доколку е потребно да врши дневни превентивни проверки на состојбата на опремата;
  • Доколку е потребно да ја калибрира опремата според спецификациите на примерокот на тестот Red Rabbit (за откривање на дефекти);
  • Дава инструкции за визуелните помагала и инструкции за работа и се придржува до постапките за квалитет;
  • Товарање на производи, пакување и транспорт;
  • Избира и ги поставува деловите за склопување за да ги исполни потребите на производството;
  • Врши проверка на квалитет на скlопените делови и ги евидентира резултатите;
  • Сортира несоодветните материјали;
  • Обучува и ги следи воспоставените процеси и постапки на Lean производство.
Потребни квалификации
  • Диплома за завршено средно образование;
  • Претходно искуство во автомобилска индустрија/склопување, ќе се смета за предност, но не е задолжително;
  • Познавање и искуство за ракување со жичана машина (на пр. Komax, Schleuniger), ќе се смета за предност.
Професионални знаења и способности
  • Способност да користи или да се обучи да користи разни рачни алати;
  • Способност да ракува со рачна дигалка за палети;
  • Способност да подига товар до 20 кг.;
  • Способност за изведување основни математички операции (собирање, одземање, множење и делење);
  • Способност за читање и разбирање на инструкциите за работа и на документите за квалитет;
  • Мора да биде детален за да обезбеди квалитет при склопување на производите;
  • Да биде редовен и доколку е потребно да работи и прекувремено.
Дополнителни информации

* ПОЛИТИКА НА ЕДНАКВОСТ И НЕДИСКРИМИНАЦИЈА

ТЕЛАМОН е посветен на политиката за еднаквост, разноликост и инклузија.
Се водиме по начелото луѓето да не се дискриминираат по било којa основa, како возраст, посебни потреби, етничка припадност, пол, религија или сексуална ориентација.
Ги охрабруваме припадниците на сите општествени групи да аплицираат соодветно на барањата на позициите.
 

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови,  своите професионални биографии можат да ги проследат на: job@dekra.mk со назнака на позицијата за која аплицираат.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 20/07/2018.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Детали за огласот
  • Место: Скопје, Македонија
  • Истекува на: 20.07.2018
  • Емаил за апликација: job@dekra.mk
  • Индустрија: Производство
  • Вид на вработување:
    Полно работно време на неопределено
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.