Маркетинг Асистент

Систина Офталмологија
  • Објавено на: 22/01/2019
Опис на компанијата

Специјализираната болница „Систина Офталмологија“ е првата офталмолошка установа во регионот која нуди комплетен дијагностички и хирушки третман на сите проблеми со видот и очите. Во име на својот клиент, Декра ја огласува следната позиција:

  • Маркетинг Асистент
Опис на работното место
  • Планирање, развивање и имплементирање на ПР стратегии;
  • Посредување на информации меѓу тимот за можни идеи и тековни настани;
  • Поврзување и одговарање на прашања од медиумите, поединци и други организации;
  • Истражување, пишување и дистрибуирање на соопштенија до целните медиуми;
  • Собирање и анализа на медиумско покривање;
  • Пишување и уредување на текстови за списанија, говори, статии и сл.;
  • Организирање на настани вклучувајќи прес-конференции, советувања, промотивни денови и сл.
  • Осмислување и координирање на можностите за фотографирање;
  • Одржување и ажурирање на информациите на веб-страницата и социјалните медиуми Facebook и Instagram за настаните за кои се одговорни;
  • Управување со ПР аспектот на потенцијална кризна ситуација.
Потребни квалификации
  • Високо образование од областа на Маркетинг;
  • Најмалку 2 год. искуство на слична позиција;
  • Познавање на Photoshop/ Illusrator;
  • Copywriting вештини;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Познавање на албански јазик (незадолжително);
  • Возачка дозвола- Б категорија.
Професионални знаења и способности
  •  Подготвеност за превземање на одговорност;
  •  Способност за работа под притисок;
  • Конструктивен пристап кон работни предизвици;
  • Способност за менаџирење и контролирање на обврските;
  • Тимска работа.
Дополнителни информации

Клиентот нуди можност за континуиран, професионален развој.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови,  своите професионални биографии можат да ги проследат на: rabota@dekra.mk.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 10/02/2019.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Детали за огласот
  • Место: Скопје, Македонија
  • Истекува на: 10.02.2019
  • Емаил за апликација: rabota@dekra.mk
  • Индустрија: Маркетинг и ПР, Медицина, фармација, ветерина
  • Вид на вработување:
    Полно работно време на неопределено
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.