Менаџер за продажба

DEKRA
  • Објавено на: 16/05/2018
Опис на компанијата

Кроациа Осигурување - Живот АД Скопје e прва компанија во Република Македонија со добиена дозвола од Министерство за Финансии за продажба на полиси за животно осигурување. Преку постојано воведување на иновации, нови производи, воспоставување на супериорен систем за грижа на корисници и праведен и брз систем за решавање на штети, Кроациа Осигурување – Живот се издвои како компанија која за македонските граѓани претставува синоним за сигурност и квалитет. 

Во име на својот клиент, Декра ја објавува следната позиција: Менаџер за продажба

Опис на работното место
  • Директна продажба на физички и правни лица;
  • Координација, следење и надзор над работата на тимот;
  • Учество на продажните состаноци со советниците;
  • Менторство во процесот на продажба и работа со клиенти;
  • Подготовка на динамички план за тимот;
  • Управување со портфолиото на тимот;
  • Подготовка на детални анализи за профитабилноста и реализацијата на тимот;
  • Проверка и координација на активности за обврска за плаќање на премија и евентуални пријави на штети.
Потребни квалификации
  • Минимум 2 години работно искуство во продажба на осигурувања;
  • Високо образование;
  • Познавање на работа во Microsoft Office;
  • Познавање на Англиски јазик;
  • Возачка дозвола-Б категорија.
Професионални знаења и способности
  • Одлични комуникациски, организациски и интерперсонални вештини;
  • Способност за работа во тим и исполнување на задачи со кратки рокови;
  • Клиентот нуди континуирани обуки и можност за напредување, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Дополнителни информации

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови,  своите професионални биографии можат да ги проследат на: job@dekra.mk.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 25/05/2018.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Детали за огласот
  • Место: Скопје, Македонија
  • Истекува на: 25.05.2018
  • Индустрија: Осигурување, Продажба и набавка
  • Вид на вработување:
    Полно работно време на определено
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.