ОДРЖУВАЧ НА ВОЗИЛА

Аутомобиле- СК ДОО
  • Објавено на: 14/05/2018
Опис на компанијата

За нашиот клиент Аутомобиле- СК Доо Скопје,  кој е франшизер на Hertz Rent a Car International -лидер во македонскиот рент а кар пазар за краткотрајни и изнајмувања на возила за подолг период, со висок квалитет на услуги, добро обучени вработени и одлично одржувани возила, Декра ја огласува следната позиција:

  • ОДРЖУВАЧ НА ВОЗИЛА
Опис на работното место

• Одговорен за подготовка на возилото за изнајмување;
• Возење и паркирање на возилата по потреба;
• Проверка дали возилото е оштетено и потврда за негова исправност;
• Проверка на статусот на возилото;
• Проверка на внатрешноста и одржување на возилото да е чисто (прозорци, врата, седишта, гуми, багажник, вакуум, итн);
• Полнење на резервоарот за бензин и проверка на нивоата на полнење на сите течности;
• Одржување на надворешноста на возилото (дебагирање и миење);
• Исполнување и придржување кон квотите за спроведување на процесите и нивна стандардизација;
• Врши и други поврзани задачи по наредба од менаџерите.

Потребни квалификации
  • Минимум завршено Средно Образование;
  • Возачка дозвола- Б категорија;
  • Познавање на англиски јазик.
Професионални знаења и способности
  • Познавање и афинитет кон возила;
  • Проактивност, одговорност и чесност;
  • Позитивен став и ориентираност кон клинети;
  • Способност за работа на отворено во сите временски услови;
  • Способност за динамична работа и работа под притисок.
Дополнителни информации

Клиентот, своите сили ги насочува кон запознавање на потребите на купувачите, понуда на производи и услуги кои ќе ги задоволат очекувањата на пазарот, запознавање на степенот на задоволство на своите клиенти и имплементација на политиката на одржлив развој со акцент на заштитата на животната средина.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите кратки биографии на англиски јазик, може да ги испратат на следната емаил адреса: job@dekra.mk.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Детали за огласот
  • Место: Скопје, Македонија
  • Истекува на: 27.05.2018
  • Емаил за апликација: job@dekra.mk
  • Вид на вработување:
    Полно работно време на определено
    Сезонска работа
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.