OПЕРАТОРИ НА CNC МАШИНА ВО ФАБРИКА ВО БУГАРИЈА

DEKRA
  • Објавено на: 19/07/2018
Опис на компанијата

Наш клиент е PALFINGER, групација со седиште во Австрија, која е основана во 1932 година и преку присуството со своите производствени погони, сервиси и продажни салони низ целиот свет важи за компанија која е меѓу водечките светски производители на иновативни, сигурни и ефикасни хидраулични системи  за кревање на товар прилагодени за потребите на секој специфичен пазар.

PALFINGER  е светски лидер во производството на автокранови и системи за дигање и транспорт чии производи се извезуваат во повеќе од 130 земји во светот.

За нивните потреби за проширување на тимот во производствените погони во Бугарија во областа Јамбол, с. Тенево специјализиран за производство на хидраулички цилиндри за кранови, ги огласуваме следните работни позиции:

 

OПЕРАТОРИ НА CNC МАШИНА

(10 позиции)

Потребни квалификации
  • Завршено средно образование -  техничка насока ќе се смета за предност;
  • Предходно работно искуство од минимум 6 месеци во производство на иста или слична позиција - НЕ е задолжително, но ќе се смета за предност
  • Основно познавање на Англиски јазик или основно познавање на Германски јазик НЕ е задолжително, но ќе се смета за предност
Професионални знаења и способности
  • Презицност и ориентираност кон детали
  • Способност за читање на технички инструкции за управување со машини и техничка документација
  • Добра здравствена и психофизичка подготвеност
  • Способност за изведување основни математички операции
  • Уредност и грижа за техничката и хигиенската исправност на машините и работниот простор
  • Професионалност во извршување на секојдневните обврски
  • Одговорност при следење на компаниските правила и процедури
  • Подготвеност за работа во смени и работа во мултикултурна средина
  • Мотивираност и подготвеност за живеење во странство
  • Способност за тимска работа

 

Дополнителни информации

 

Работни услови:

  • Работното време е 8 часа во три смени со 30 минути пауза во прва и втора смена и 1 час пауза во трета смена
  • Доколку има потреба се работи и секоја втора Сабота во месецот
    (само прва и втора смена)
  • Платено сместување од страна на компанијата
  • Покриено здравствено и животно осигурување
  • Платен превоз од сместувањето во Бугарија до работното место
  • Платен превоз од Македонија до Бугарија два пати во годината
  • Ваучери за исхрана
  • Месечната нето плата се движи од 500 до 700 Евра во зависност од искуството и техничкото знаење на кандидатите
  • Трошоците за вадење на работна виза ги покрива компанијата
  • Можност за дополнителни бонуси

 

Сите заинтересирани можат да аплицираат со испраќање на своите лични податоци или биографии на work@dekra.mk.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Детали за огласот
  • Место: Бугарија
  • Истекува на: 30.08.2018
  • Емаил за апликација: work@dekra.mk
  • Индустрија: Производство
  • Вид на вработување:
    Полно работно време на определено
    Полно работно време на неопределено
    Сезонска работа
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.