Отворени повеќе работни позиции во ФЗЦ 11 Октомври

DEKRA
  • Објавено на: 08/08/2018

ФЗЦ, Фабрика за заварени цевки 11 Октомври а.д. од Куманово денеска претставува производствен гигант не само во рамките на Р. Македонија и Балканот, туку и многу пошироко како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.

Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал, располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени челични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивна соодветна антикорозивна заштита,со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција.

 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

 

1.Дипломиран  машински инженер  4 извршители,

на определено време од три месеци, со можност за продолжување на договорот за работа

Задолжително е пријавените кандидати за позиција 1 да ги исполнуваат следните услови:

  • Висока стручна подготовка, Машински факултет
  • Познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на MS Office, AutoCAD
  • Б – категорија

Пожелно е минимум 2 години работно искуство на иста позиција

Одговорности:

  • ја организира, координира, насочува и контролира работата во производниот процес
  • одговорен е за работната технолошка дисциплина и квалитетот на производите во деловите на производниот процес
  • го следи извршувањето на месечниот оперативен план и превзема конкретни организациски и други потребни мерки за негово квалитетно и целосно извршување
  • се грижи за правилно распоредување на работниците во деловите на производствениот процес за ефикасно извршување на планираните задачи
  • одговорен е за спроведување мерките на БЗПР и ППЗ
  • координира и соработува и со други единици од фабриката, заради обезбедување на несметано одвивање на производство
  • извршува и други работни задачи од својата стручност што ќе му ги довери директорот.
  • Работата е организирана во три смени

 

2.Дипломиран Електроинженер електроничар  1 извршител,

на определено време од три месеци, со можност за продолжување на договорот за работа

Задолжително е пријавените кандидати за позиција 2 да ги исполнуваат следните услови:

  • Висока стручна подготовка, Електро факултет
  • Познавање на англиски јазик

Пожелно е минимум 2 години работно искуство на иста позиција

Одговорности:

  • одговорен е за примена на пропишаната технологија во производниот процес,
  • дава стручни напатствија за реализација на пропишаната технологија,тесно соработува со подготовка на производство и дава иницијативи за унапредување на технологијата за изработка на цевки и профили како и за конструкција на технолошки алати,
  • одговорен е за квалитет на производството, презема конкретни мерки и инцијативи за унапредување на квалитетот,
  • го следи извршувањето на оперативниот план и превзема организациони и други стручни мерки за негово целосно реализирање,
  • одговорен е за спроведување на мерки за БЗПР и ППЗ,
  • врши и други работни задачи од својата стручност, по налог на претпоставениот

 

3.Машински техничари    15 извршители,

на определено време од три месеци, со можност за продолжување на договорот за работа

Задолжително е пријавените кандидати за позиција 3 да ги исполнуваат следните услови:

  • Завршено средно образование (машински техничар)
  • Без или со работно искуство

 

4.Електро техничари    13 извршители,

на определено време од три месеци, со можност за продолжување на договорот за работа

Задолжително е пријавените кандидати за позиција 4 да ги исполнуваат следните услови:

  • Завршено средно образование (електро техничар)
  • Без или со работно искуство

 

5.Крановодители  8 извршители,

на определено време од три месеци, со можност за продолжување на договорот за работа

Задолжително е пријавените кандидати за позиција 5 да ги исполнуваат следните услови:

  • НКВ/ССП – оспособен крановодител
  • Без или со работно искуство

Одговорности:

  • одговорен е за правилно обавување на соодветните операции при дигање, спуштање, монтажа на алат, складирање на материјали, суровини, делови и др.
  • во согласност со техничките карактеристики и упатства за работа управува со кран
  • во согласно со техничките карактеристики и напатствија ракува со портален кран,
  • одговорен е за правилно ракување при извршување на одредени операции во манипулација со таварот при утовар и истовар,

 

6.Возачи на виљушкари  4 извршители,

на определено време од три месеци, со можност за продолжување на договорот за работа

Задолжително  пријавените кандидати за позиција 6 да ги исполнуваат следните услови:

  • НКВ/ССП – соодветна возачка дозвола
  • Без или со работно искуство

Одговорности:

  • управува и со виљушкар и води сметка за правилно манипулирање со истиот,
  • управува со неа при истовар и утовар на суровини и материјали и готови производи,

 

7.Брусачи заварувачи  3 извршители,

на определено време од три месеци, со можност за продолжување на договорот за работа

Задолжително е пријавените кандидати за позиција 7 да ги исполнуваат следните услови:

  • ССПз-бравар, машинобравар
  • Пожелно е работно искуство 2 години

Одговорности:

  • врши брусење и заварување на цевки и профили кои се за репаратура
  • за потребите на производство, а по налог на претпоствениот работи браварско заварувачки и други работи,
  • врши и други работни задачи од својата стручност по налог на претпоставениот

 

8.Процесен транспортен работник  6 извршители,

на определено време од три месеци, со можност за продолжување на договорот за работа

Задолжително е пријавените кандидати за позиција 8 да ги исполнуваат следните услови:

  • НКВ/ССП
  • Без или со работно искуство

Одговорности:

  • ги обавува сите транспортни работи утовар, истовар ускладиштување на сировини помошни материјали и готови производи и отпад од производни линииg
  • врши и други работни задачи со својата стручност по налог на претппоставениот

 

9.Инженер за безбедност и здравје при работа 1 извршител,

на определено време од три месеци, со можност за продолжување на договорот за работа

Задолжително е пријавените кандидати за позиција 9 да ги исполнуваат следните услови:

  • Висока стручна подготовка, Дипл. инж. по Безбедност по работа
  • Напреден англиски јазик и Microsoft Office
  • Уверение за положен стручен испит за безбедност и здравје при работа

Одговорности:

  • Врши контрола и се грижи секој работник да носи и употребува лична заштитна опрема при работата
  • Се грижи и учествува во подготовките за здравствени прегледи на работниците
  • Се грижи за вршење на редовни и контролни прегледи и испитувања на работната опрема
  • Врши внатрешен надзор над спроведувањето на мерките за безбедносно извршување на работата
  • Изработува упатства за безбедносно извршување на работите

 

10.Комерцијалист 1 извршител,

на определено време од три месеци, со можност за продолжување на договорот за работа

Задолжително е пријавените кандидати за позиција 10  да ги исполнуваат следните услови:

  • Висока стручна подготовка , економски факултет
  • добро познавање на работа на MS Office пакет и Интернет
  • возачка дозвола Б категорија – не е задолжителна
  • претходно искуство во продажба ќе се смета за предност

Одговорности:

  • планирање и организирање на продажбата
  • прибирање нарачки од клиенти
  • исполнување на зададени цели за продажба
  • следење наплата од клиентите
  • подготовка на извештаи
  • развивање на продажбата на реонот
  • почитување на процедурите за работа

 

11.Правник 1 извршител,

на определено време од три месеци, со можност за продолжување на договорот за работа

Задолжително е пријавените кандидати за позиција 11 да ги исполнуваат следните услови:

  • Висока стручна подготовка, Правен факултет
  • Минимум 2 години работно искуство на иста позиција
  • Познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на MS Office

Одговорности:

  • изработува договори за вработување и налози за распоредување на работниците
  • врши стручни и други работи при засновање, за време траење и при престанок на работниот однос, во Фабриката
  • се грижи за правилна примена на прописите од работниот однос
  • одговорен е за спроведување на мерките за БЗПР и ППЗ
  • се грижи за спроведување на одредбите од законската регулатива и актите на работодавецот

 

12. Администратор 1 извршител,

на определено време од три месеци, со можност за продолжување на договорот за работа

Задолжително е пријавените кандидати за позиција 12 да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС/ ВСС
  • Претходно работно искуство на истата дејност ќе се смета за предност
  • Активно користење на англиски јазик
  • Работно користење на компјутер – MS office
  • Поседување возачка дозвола Б-категорија
  • Административно-техничка поддршка на секторот човечки ресурси

 

13. Специјалист за човечки ресурси 1 извршител,

на определено време од три месеци, со можност за продолжување на договорот за работа

Задолжително е пријавените кандидати за позиција 13 да ги исполнуваат следните услови:

  • Висока стручна подготовка , Дипломиран менаџер на човечки ресурси
  • Минимум 2 години работно искуство на иста позиција
  • Познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на MS Office
  • Б – категорија

Одговорности:

  • Регрутирање и селекција (интервјуирање) на потенцијални вработени
  • Оцена на ефикасност и перформанси на вработените
  • Обука и развој на вработените
  • Контрола на реално одработени работни часови и учинок на кадарот
  • Контрола на плати
  • Евалуација и одобрение/одбивање на предлози за награди и санкции на вработените
  • Прераспоредување на вработени
  • Меѓучовечки односи и мотивација
  • Годишни одмори

 

14.Пожарникар 1 извршител,

на определено време од три месеци, со можност за продолжување на договорот за работа

Задолжително е пријавените кандидати за позиција 14 да ги исполнуваат следните услови:

  • Завршено средно образование Противпожарен техничар
  • Без или со работно искуство

Одговорности:

  • Во случај на пожар учествува во негово гасење
  • Врши контрола и ги одржува во исправна состојба ПП апаратите и опремата
  • Води потребна евиденција, ракува со средствата и опремата
  • Учествува во сервисирање на ПП апарати и опрема со овластен сервис.
  • За својата работа одговара на организаторот на работи
  • Врши и други работни задачи, по налог на организаторот на работи

 

15. Технолог 2 извршители,

на определено време од три месеци, со можност за продолжување на договорот за работа

Задолжително е пријавените кандидати за позиција 15 да ги исполнуваат следните услови:

  • Висока стручна подготовка , Инженер по металургија технолог
  • Минимум 2 години работно искуство на иста позиција
  • Познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на MS Office
  • Б – категорија

Одговорности:

  • Врз основа на техничка документација за изработка на ладно обликувани цевки пропишува и следи технологија за производство на Л 610 Одговорен е за квалитет на извршена работа
  • Соработува со други организациони единици за подобра реализација на производството
  • Предлага примена на нови технолошки постапки
  • Се грижи за упатства, нова литература за најнови ссветски достигнувања во областа на производство на цевки и топлообликувани профили

 

Заинтересираните кандидати ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги достават следните документи:

 

  1. Кратка биографија (CV)
  2. Доказ за завршено образование
  3. Доказ за вештините ако поседува
  4. Сите погоре наведени документи се задолжителни за пријавување по огласот и истите треба да бидат испратени по е-мејл: hr@fzc11oktomvri.com.mk, или на адреса: 11 Ноември 87 А, Куманово, со назнака “за оглас за вработување за —–”  или доколку документите се по е-маил истото да биде наведено во subject line.  

 

Ве молиме Вашите документи да ги доставите стриктно на погоре наведените адреси, во спротивно нема да се земат предвид.

 

Од кандидатите за бараните позиции се очекува да ги поседуваат следните вештини,  способности и лични особини:

  1. Организираност и ефикасност
  2. Способност за тимска работа
  3. Работа со дадени рокови
  4. Следење на интерните правила и процедури
  5. Самоиницијативност и самокритичност

 

Врз основа на прегледаните документи, кандидатите кои што ги исполнуваат условите и ги доставиле бараните документи ќе бидат повикани на интервју и тестирање.

 

ФЗЦ 11 Октомври  Куманово

Детали за огласот
  • Место: Куманово, Македонија
  • Истекува на: 07.09.2018
  • Индустрија: Машинство и електротехника, Производство
  • Вид на вработување:
    Полно работно време на определено
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.