Опис на компанијата
Наш клиент е француска компанија од областа на градежништвото со седиште во околината на Париз која се занимава со високоградбa како и реконструкција на објекти. Поради зголемениот обем на работа со изградба на станбени згради, деловни и индивидуални објекти, индустриски погони и други градби, ги огласуваме следните работни позиции со можност за долготрајно вработување:
Раководител на градежни работи
Одговорен на градилиште
Одговорен на тим
Армирач
Ѕидар
Шалувач
Потребни квалификации
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција (задолжително)
- ЕУ државјанство (задолжително)
- Основно познавање на Англиски јазик ќе се смета за предност
Професионални знаења и способности
- Добра здравствена состојба и психофизичка подготвеност
- Професионалност во извршување на секојдневните обврски и одговорност при следење на компаниските правила и процедури
- Способност за тимска и физичка работа во мултикултурна средина
- Желба и подготвеност за живеење во странство
Дополнителни информации
Работни услови:
- Месечна нето плата од 1700 до 3000 Евра во зависност од позицијата
- Вкупно 39 работни часа неделно
- Можност за месечни бонуси и награди
- Платен превоз од и до работното место
- Службено возило и телефон во зависност од позицијата
- Платено сместување
- Платен авионски билет до Париз
- Договор на неопределено време по успешно поминат пробен период од 3 до 6 месеци
Сите заинтересирани можат да аплицираат со испраќање на своите лични податоци или професионални биографии со задолжителна назнака за позицијата за која аплицираат на мејл - work@dekra.mk.
Дискрецијата на сите кандидати е загарантирана и пристигнатите биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.
Детали за огласот
- Место: Париз, Франција
- Истекува на: 10.03.2019
- Емаил за апликација: work@dekra.mk
- Индустрија: Архитектура, градежништво, геодезија, Градежничка работа
-
Вид на вработување:
Полно работно време на неопределено