DEKRA
Опис на работното место
Во соработка со повеќе компании кои работат во металната индустрија во Финска, ДЕКРА ги огласува следниве позиции:
CNC OПЕРАТОРИ
CNC ПРОГРАМЕРИ
Потребни квалификации
- Завршено средно образование - техничка насока ќе се смета за предност
- Задолжително претходно работно искуство на иста позиција
- Работно иксуство со програмирање на Heidenhain и Siemens 840D CNC машини и познавање на Amada, SafanDarley, Triumph се смета за предност
- Добро познавање на Англиски јазик
- ЕУ државјанство не е задолжително, но ќе се смета за предност
Професионални знаења и способности
- Презицност и ориентираност кон детали
- Способност за самостојност и независност во работата
- Добра здравствена и психофизичка подготвеност
- Уредност и грижа за техничката и хигиенската исправност на машините и работниот простор
- Способност за читање на технички инструкции за управување со машини и техничка документација
- Способност за изведување основни математички операции
- Професионалност во извршување на секојдневните обврски
- Одговорност при следење на компаниските правила и процедури
- Подготвеност за работа во смени и работа во мултикултурна средина
- Мотивираност и подготвеност за живеење во странство
Дополнителни информации
- Работниот бруто час за прва смена од Понеделник до Петок се движи од 13 до 20 Евра во зависност од позицијата и компанијата, како и од искуството и знаењето на кандидатите кои ќе бидат дискутирани директно со клиентите
- Прекувремена работа и работа во смени се доплаќа дополнително согласно финските законски регулативи
- Првичните договори за вработување се од 6 до 12 месеци со можност за продолжување
- Процедурата за вадење на работна виза за кандидатите со МК пасош трае од 2 до 4 месеци и се започнува преку аплицирање во финската амбасада во Р.Србија
(апликацијата за виза чини околу 450 Евра и половина од сумата ја покриваат клиентите) - Кандидати се навремено известени по интервјуто со клиентите кои трошоци (патни трошоци и трошоци за сместување) ќе им бидат рефундирани
Сите заинтересирани можат да аплицираат со испраќање на своите професионални биографии на work@dekra.mk.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат контактирани за интервју.
Детали за огласот
- Место: Финска
- Истекува на: 15.02.2019
- Емаил за апликација: work@dekra.mk
- Индустрија: Машинство и електротехника, Производство
-
Вид на вработување:
Полно работно време на определено
Полно работно време на неопределено