Проект Менаџер

DEKRA
  • Објавено на: 06/03/2018
Опис на компанијата

За потребите на својот клиент, туристичка агенција во Македонија која се грижи за патувања со фери брод, изработува и приватни аранжмани, располага со авионски билети, одбрани хотелски сместувања, осигурување и изнајмување на возила, Декра ја огласува следната позиција:

  • ПРОЕКТ МЕНАЏЕР
Опис на работното место
  • Самостојно водење на проектот;
  • Формирање на тури;
  • Склучување на договори со винарии, ресторани, хотели и слично;
  • Маркетинг кампањи врзани со проектот;
  • Организација и управување со надворешни соработници, водичи, шофери и слично;
  • Е-маркетинг.
Потребни квалификации
  • Претходно работно искуство со водење на проекти или на менаџерска позиција;
  • Поседување на лиценци од областа на туризмот ќе се смета за предност;
  • Завршено високо образование;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот;
  • Пребарување по Интернет и Маркетниг;
  • Одлично познавање на Англиски јазик;
  • Возачка дозвола Б категорија. 

 

Професионални знаења и способности
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини;
  • Проактивност, организираност, систематичност и ориентираност кон остварување резултати;
  • Професионалност, одговорност и лојалност;
  • Способност за преговарање, убедување и аналитичност;
  • Способност за тимска работа;
  • Висока реализација на активности во кратки временски рокови.
Дополнителни информации

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: rabota@dekra.mk

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 22/03/2018.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии, ќе се третираат со максимална доверливост.

Детали за огласот
  • Место: Скопје, Македонија
  • Истекува на: 22.03.2018
  • Емаил за апликација: rabota@dekra.mk
  • Индустрија: Маркетинг и ПР, Угостителство и туризам
  • Вид на вработување:
    Полно работно време на определено
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.