РАБОТНИК ВО РЕСТОРАН

DEKRA
  • Објавено на: 09/04/2020

ДЕКРА за потребите за клиент од Хрватска ја објавува позицијата:

  • РАБОТНИК ВО РЕСТОРАН

ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:

  • Се грижи за уредно послужување на гостите со топли и свежи производи во пријателска атмосфера и пријатен и чист амбиент во ресторанот;
  • Уредно и примерно да се однесува (чиста и средена униформа, отворен и пријателски настап кон гостите и останатите работници);
  • Константно ги користи 3К принципите- Координација, Кооперација и Комуникација во тимската работа;
  • Работа во кујна- во прирема на сите видови печени и пржени производи, млечни напитоци и сладоледи, топли и ладни пијалоци, салати, гарнири и сосови, ја одржува кујната чиста, вклучувајќи ја и опремата за припрема на храна, филтрира масло;
  • Работа на каса- земање на нарачки и следење на шесте чекори на послужување, користи сугестивна продажба;
  • Работи во просторот за гости- го чисти подот и скалите, ги чисти и одржува тоалетите, терасата и околината на ресторанот(ресторанските знаци, канти за отпадоци, паркингот);
  • Се грижи за потребите и барањата на гостите делувајќи според политиката на компанијата;
  • Работи на линијата за автомобили (drive линија) на послужување на гостите;
  • Работи на примарното чистење на опремата и алатите во ресторанот (скара, фритеза, тостер, чистење на филтри);
  • Работи на контрола на производство- се грижи сите производи да се достапни, топли и свежи, во секое време;
  • Работи во магацинскиот простор на ресторанот- се грижи магацинот да е среден, чист и уредно снабден, ги дополнува суровините и останатите додатоци по потреба, ги следи упатствата за правилниот начин на хигиенско одржување;
  • Сите гореспоменати обвррски ги извршува следејки ги оперативните процедури регулирани од страна на системот на компанијата наречен “check листа“, односно листа со прецизни насоки и регулативи за работа на поединечните станици во ресторанот;
  • Ги врши останатите задачи дадени од страна на Тренерот на персоналот, Swing Менаџерот, Асистентот и Управителот на ресторанот.

ОБЕЗБЕДЕНО:

  • Сместување за целиот период на вработување;
  • Платена повратна карта во најповолна варијанта за работодавачот од местото на живеење во Македонија до местото на работа;
  • Обезбеден еден оброк дневно во ресторанот-местото на работа;
  • Платен санитерен преглед;
  • Платен лекарски преглед;
  • Обезбедена униформа;
  • Платена месечна карта за локален, градски превоз.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА:

  • Организирана работа 7/24;
  • Работа во смени кои се менуваат и подразбираат и ноќна смена;
  • Задолжително бричење, долга коса прибрана под капа, во репче;
  • Не се дозволени долги нокти, лак, вештатчки нокти;
  • Не е дозволено носење накит;
  • Во работата со храна постои можност за контакт со свинско месо;
  • Не е обезбедено место за практикување на верски обичаи;
  • Обезбеден дневен одмор;
  • Обезбеден неделен одмор.

Доколку сте заинтересирани за отворената работна позиција, своите професионални биографии можете да ги испратите на: rabota@dekra.mk, со назнака за позицијата за која аплицирате.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 30.04.2020
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии, ќе се третираат со максимална доверливост.

Детали за огласот
  • Место: Croatia
  • Истекува на: 30.04.2020
  • Индустрија: Угостителство и туризам
  • Вид на вработување:
    Сезонска работа
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.