Опис на компанијата
Наш клиент е хрватска компанија од текстилната индустрија, која е основана во 2001 и која работи за потребите на автомобилската индустрија.
Има вработено повеќе од 500 луѓе и се занимава со шиење на опрема за ентериери на возила (Фолцваген, Мерцедес, БМВ, Шкода, Форд, Волво, Тојота и Ленд Ровер).
Компанијата има освоено бројни национални награди за најуспешна компанија во својата категорија, најдобар извозник од средна големина, најдобро средно претпријатие и најбрзорастечка компанија.
За нивните потреби ги огласуваме следните работни позиции:
ШИВАЧИ / ШИВАЧКИ
(10 позиции)
Опис на работното место
- Работното време е од Понеделник до Петок по 8 часа со 3 вклучени паузи
- Работа во две смени
1 смена од 6.00ч. до 14.00ч.
2 смена од 14.00 до 22.00ч. - Саботите се работат по потреба и дополнително се плаќаат
- Можност за дополнителна заработка и бонуси со остварување на таргети
- Платено сместување од страна на компанијата
- Платен превоз од Скопје до Преграда, Хрватска (50 км од Загреб) каде што е седиштето на компанијата
- Месечната нето плата започнува од 400 Евра и истата е предмет на договор со клиентот во зависност од искуството на кандидатите
- Трошоците за вадење на работна дозвола ги покрива компанијата
Потребни квалификации
- Работно искуство како шивач/ка
- Завршена обука / курс за шиење - не е задолжително, но ќе се смета за предност
Професионални знаења и способности
- Способност за работа во смени и работа во мултикултурна средина
- Желба и подготвеност за живеење во странство
- Професионалност во извршување на секојдневните обврски и одговорност при следење на компаниските правила и процедури
Дополнителни информации
Сите заинтересирани можат да аплицираат со испраќање на своите лични податоци или биографии на work@dekra.mk.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат контактирани за интервју со клиентот.
Како дел од процесот на селекција е вклучен и практичен тест со работа на машина за шиење во фабриката во Хрватска и трошоците за истиот ги покрива клинетот.
Детали за огласот
- Место: Преграда, Хрватска
- Истекува на: 15.02.2019
- Емаил за апликација: work@dekra.mk
- Индустрија: Производство
-
Вид на вработување:
Полно работно време на определено