СМЕТКОВОДИТЕЛ

Автонова
  • Објавено на: 13/02/2020
Опис на компанијата

Наш клиент е компанијата АВТОНОВА ДОО Скопје,  ексклузивен увозник за марките CITROËN и DS за Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија.

Во име на својот клиент, Декра ја објавува следната позиција:

  • СМЕТКОВОДИТЕЛ
Опис на работното место
  • Врши контрола на сите влезни и излезни документи согласно законската регулатива како и сметководствените политики на фирмата и нивна сметководствена обработка;
  • Ги прима сите документи и врши контрола и уплата на дневен промет, навремено плаќање на царинските давачки, навремено плаќање на обврските кон странство и обврските во земјата како и нивна сметководствена обработка;
  • Следење и наплата на побарувањата од сите правни и физички лица за купопродажба на стоки или услуги- сервисирање како и контрола на имплементацијата на купопродажните договори;
  • Изготвување на неделни и месечни извештаи за Генералниот директор и финансовиот директор;
  • Ги изготвува во предвидените рокови сите извештаи кои согласно законската регулатива треба да се достават до Министерство за финансии-УЈП, НБРМ, Царинска управа, Статистика, Завод за вработување;
  • Ги врши сите подготвителни работи во врска со годишната сметка и изготвување на истата заедно со финансовиот директор;
  • Навремено обезбедување на сите документи за учество на тендери согласно законот за Јавни набавки;
  • Соработува со другите членови на менаџерскиот тим со цел зголемување на профитабилноста и квалитетот на работењето;
  • Извршување на сите други задачи и барања од страна на Генералниот директор и финансовиот директор во рамки на сметководството и финансиите.
Потребни квалификации
  • Диплома за завршен Економски факултет;
  • Уверение за овластен сметководител;
  • Минимум 2 години работно искуство во иста или слична индустрија;
  • Познавање и користење на англиски јазик;
  • Одлично познавање и работа со Excel;
  • Солидно познавање и работа со сметководствени програми.
Професионални знаења и способности
  • Добри аналитички способности, уредност и одговорност;
  • Умешност да се работи со голем број информации;
  • Работа во куси временски рокови;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Одговорна и лојална личност.
Дополнителни информации

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови,  своите професионални биографии можат да ги проследат на: rabota@dekra.mk .

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 27/02/2020.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Детали за огласот
  • Место: Скопје, Македонија
  • Истекува на: 27.02.2020
  • Емаил за апликација: rabota@dekra.mk
  • Индустрија: Автомобилска индустрија
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.