Специјалист по медицина на труд; Асистент доктор;

DEKRA
  • Објавено на: 23/11/2016
Опис на компанијата

За потребите на Германски здравствени установи, Декра ги огласува следните работни позиции:

Опис на работното место

 

1. Специјалист по медицина на труд
(Werksarztzentrum Deutschland, национален лидер во давање на здравствени услуги во над 450 локации во Германија,  за потребите на својот тим во Бремен, Хамбург, Франкфурт и Келн)

Опис на работно место

  • Контрола и превенција на болести на вработените
  • Советување за безбедност и здравје при работа
  • Соработка со синдикатите
  • Флексибилност и мобилност

Потребни квалификации, лични карактеристики  и способности:

  • Специјалист по медицина на труд
  • Претходно работно искуство
  • Сертификат за познавање на Германски јазик (минимум ниво B2 )
  • Подоготвеност за работа во динамична средина

Нудиме

  • Атрактивни работни услови
  • Сигурно работно место
  • Работа со искусен и интердисциплинарен тим

 

2. Асистент доктор за обука во областа на васкуларна хирургија
(Болница во Штутгарт, оддел за васкуларна и ендоваскуларна хирургија)

Опис на работно место

  • Работа со широк спектар на современата васкуларна хирургија, вклучувајќи ги и сите ендоваскуларни процедури
  • Операција на каротидни артерии со локална анестезија
  • Интеграција и соработка со одделите за радиологија и неврологија
  • Третирање на целокупниот спектар на синдромот дијабетско стапало во соработка со центарот за дијабетес

Потребни квалификации, лични карактеристики  и способности:

  • Завршени студии по медицина со издадено одобрение за работа (апробација)
  • Сертификат за познавање на Германски јазик (минимум ниво B2 )
  • Интерес за васкуларна хирургија
  • Подготвеност за интердициплинарна соработка
  • Подготвеност за самостојна и независна работа, но и за работа во тим
  • Максимална ангажираност и посветеност во извршување на обврските

Нудиме

  • Интересна и разновидна работа
  • Бенефиција за грижа на децата на вработените во Day Care центар во сопственот на болницата

 

Дополнителни информации

Сите трошоците околу одржување на интервјуата надвор од Македонија ги покрива агенцијата.

Сите заинтересирани можат да аплицираат со испраќање на своите биографии на е-маил work@dekra.com.mk со задолжителна назнака за позицијата за која аплицираат.

Дискрецијата на сите кандидати е загарантирана и пристигнатите апликации ќе се третираат со максимална доверливост.

Детали за огласот
  • Истекува на: 31.01.2017
  • Емаил за апликација: work@dekra.com.mk
  • Индустрија: Медицина, фармација, ветерина
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.