Специјалист за човечки ресурси

Теламон
  • Објавено на: 06/07/2018
Опис на компанијата

Kако една од најголемите приватни компании во Индијана за производство на кабелски сетови за пасивни ситеми за безбедност од автомобилската индустрија, нашиот клиент ТЕЛАМОН, со 9 локации во САД, Кина и Мексико, отвара фабрика и во Скопје, Инџиково како една од најповолните локации за индустриско производство, за да обезбеди услуги, висок квалитет и навремена испорака за своите потрошувачи. Во име на својот клиент, Декра ја огласува следната позиција:

  • Специјалист за човечки ресурси
Опис на работното место
  • Сите општи административни работи поврзани со ЧР и поддршка на  друштвото;
  • Подготовка, развој и имплементација на постапки и политики за ЧР;
  • Администрација на различни ЧР планови и постапки за сите вработени во друштвото;
  • Асистира во развојот и имплементацијата на постапките и политиките за вработените;
  • Изработува прирачник за вработените и прирачник за постапки и политики;
  • Го организира и спроведува процесот на вработување, врши регистрација на нови вработени во Агенцијата за вработување, Фондот за здравство на Република Македонија;
  • Ги следи потребите на компанијата и обезбедува непречен тек на регрутација;
  • Ажурирање на евиденцијата на вработените со нови информации и/или промени во статусот на вработување;
  • Придонесува кон заложбите на тимот за остварување на резултатите, учествува во развој на целите на одделот и системите.
Потребни квалификации
  • Универзитетска диплома;
  • Минимум 3 години работно искуство на иста позиција, работа во мултинационална компанија за производство ќе се смета за предност;
  • Напредно познавање на MS Office Suite;
  • Напредно познавање на англиски јазик (пишување и зборување).
Професионални знаења и способности
  • Одлични вербални и комуникациски вештини;
  • Способност за решавање проблеми;
  • Висока посветеност;
  • Способност за работа во тим и самостојно;
  • Насоченост кон постојан развој и подобрување на сопствените вештини и знаења;
  • Желба за извршување нови задачи.
Дополнителни информации

* ПОЛИТИКА НА ЕДНАКВОСТ И НЕДИСКРИМИНАЦИЈА

ТЕЛАМОН е посветен на политиката за еднаквост, разноликост и инклузија.
Се водиме по начелото луѓето да не се дискриминираат по било којa основa, како возраст, посебни потреби, етничка припадност, пол, религија или сексуална ориентација.
Ги охрабруваме припадниците на сите општествени групи да аплицираат соодветно на барањата на позициите.
 
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови,  своите професионални биографии можат да ги проследат на: job@dekra.mk со назнака на позицијата за која аплицираат.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 20/07/2018.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Детали за огласот
  • Место: Скопје, Македонија
  • Истекува на: 20.07.2018
  • Емаил за апликација: job@dekra.mk
  • Индустрија: Производство
  • Вид на вработување:
    Полно работно време на неопределено
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.