Организациска клима и задоволство на вработени

Испитувањето на организациската клима и задоволството на вработените е метод кој се користи да се дефинира факторот за мотивација и задоволство, а со тоа и продуктивноста на вработените.

  • Ова испитување е од клучно значење за објаснување и разбирање на однесувањето на луѓето во една организација и како вработените ја перцепираат работната средина.

Ова истражување им помага на компаниите при утврдувањето на можностите за подобрување или промена на определени сегменти внатре во компанијата или пак да се утврди ефектот на веќе воведените промени.

Организациската клима и задоволството на вработените се мерат со помош на прашалник, инвентар и скала, кои се составени од поголем број на тврдења кои опишуваат различни аспекти во организацијата:

  • Организираност / Систематизација

  • Стил на раководење

  • Можност за професионален и кариерен развој

  • Припадност кон организацијата

  • Однос кон квалитетот на работа

    • Производи и услуги

    • Познавање на мисија, визија, вредности и цели на компанијата

    • Политика на плати и бенефиции

    • Мотивација

    • Комуникација и информациски системи во компанијата

    • Меѓучовечки односи

    DEKRA принципи

    • Нашите консултантски услуги се прилагодени на Вашиот бизнис.

    • Покриваме широк спектар на услуги од областа на човечките ресурси согласно Вашите потреби.

    • Применуваме сеопфатен и иновативен пристап.

    • Негуваме долготрајно партнерство и поддршка.