Организациска култура и развој

Организациската култура ги претставува колективните вредности, верувања и принципи кои го регулираат однесувањето на луѓето во организациите.

Во силна и кохезивна култура, клучните организациски вредности се широко распостранети и прифатени од вработените. Овој висок интензитет на заеднички верувања, прави релативно лесно:

  • Да се постигне консензус помеѓу вработените

  • Да се создаде фокус кон важните цели

  • Да се намалат потенцијалните конфликти

  • Да се култивира средина на учење

  • Да се намали флуктуацијата на вработените

DEKRA применува валиден и корисен модел за мерење на организациската култура, бидејќи силната организациска култура е примарен двигател на мотивацијата и посветеноста на вработените.

DEKRA принципи

  • Нашите консултантски услуги се прилагодени на Вашиот бизнис.

  • Покриваме широк спектар на услуги од областа на човечките ресурси согласно Вашите потреби.

  • Применуваме сеопфатен и иновативен пристап.

  • Негуваме долготрајно партнерство и поддршка.