Таинствено купување “MYSTERY SHOPPING”

Таинственото купување е метод на истражување на пазарот во кој обучени таинствени купувачи се однесуваат како потенцијални купувачи на Вашите услуги/производи и проценуваат до кој степен, однесувањето на Вашите вработени, во текот на интеракцијата со купувачи / клиенти, е усогласено со поставените стандарди.

Според однапред дефинирани критериуми, таинствените купувачи го мерат квалитетот на услугите и потоа детално и објективно известуваат за своето искуство.

Преку примена на методот на “Таинствено Купување”, DEKRA им овозможува на своите клиенти да ги развијат постоечките стандарди и да го подигнат задоволството кај купувачите / клиентите.

Чекори:

  • Дефинирање на процеси
  • Одредување на бројот на посети
  • Развивање на “временска шема”
  • Развивање на сценарио и прашалници
  • Регрутација и обука на “таинствени купувачи”
  • Работа на терен: изведба на купување
  • Работа на терен: повратна информација
  • Анализа на податоци
  • Извештаи

Прашалникот и сценариото користени во истражувањето, се креираат во соработка со клиентот. Прашалникот се состои од структурирани логички да/не и повеќекратен избор на одговори за да се елиминира субјективност при забележување на опсервациите.

Отворените прашања се користат само како појаснување и поддршка на опсервациите на таинствените купувачи. По потреба, таинствените купувачи обезбедуваат и дополнителни коментари.

DEKRA принципи

  • Обезбедуваме информации кои се во служба на потребите на клиентот.

  • Гарантираме доверливост на информациите и добиените податоци.

  • Негуваме професионална одговорност кон нашите клиенти.

  • Резултатите од истражувањето ги споделуваме навремено и ја гарантираме валидноста на истите.