World Medicine е група на компании со централна канцеларија во Лондон, која вклучува компании со идентично име во Велика Британија, Грција, Бугарија, Турција и други земји. Се занимава со развој, производство и продажба на фармацевтски производи, а постои во повеќе од 35 земји во светот. World Medicine İlaç Sanayi ve Ticaret A.Ş. е една од овие компании лоцирана во Истанбул, Турција, која развива и произведува лекови од различни терапевтски категории.
За повеќе информации, посетете ја компаниската веб-страна: https://worldmedicine.com.tr
За потребите на претставништвото на компанијата во Скопје, потребен е:
PRODUCT AND SALES MANAGER
Цели и одговорности на работното место:
- Одговорен за лансирање на нови производи;
- Креирање на маркетинг стратегија и развој на истата;
- Имплементација и реализација на маркетинг активности;
- Изработка и следење на план за продажба;
- Посета на здравствени институции;
- Работа со клиенти и продажба на територијата на Македонија;
- Координација и менаџирање на продажниот тим на компанијата;
- Одговорен за постигнување на продажните планови;
- Стратешко планирање, предлагање, следење и анализирање на плановите за продажба.
Потребни квалификации:
- ВСС: Фармацевтски, Медицински или Стоматолошки факултет;
- Задолжително минимум 1 година работно искуство во фармацевтската индустрија на иста или слична позиција;
- Искуство во развој на бренд и позиционирање на фармацевтски производи на пазарот;
- Одлично познавање на англиски јазик.
Потребни вештини и способности:
- Познавање на MS Office;
- Возачка дозвола Б категорија;
- Одлични комуникациски и презентациски способности;
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи.
Компанијата нуди одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци кои сакаат да бидат дел од интернационален бизнис кој е фокусиран на секојдневна грижа за здравјето на луѓето.
Работниот однос за оваа позиција првично ce заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа. Неделното работно време е од понеделник до петок.
Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја вашата пријава на e-mail: ah@worldmedicine.mk
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota@dekra.mk
Job Detail
- Expires on: 10.12.2020
- Email for application: ah@worldmedicine.mk