БРЕНД МЕНАЏЕР

DEKRA
  • Post date 05/01/2021

Во име на својот клиент, интернационална фармацевтска компанија, присутна во сите главни терапевтски области која развива, произведува и продава готови дозирани лекови, ДЕКРА ја објавува позицијата:

  • БРЕНД МЕНАЏЕР

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Менаџирање на портфолио и залихи;
  • Севкупно менаџирање и продажба на брендовите и реализација на зададени цели согласно компаниската стратегија;
  • Креирање на цени и ценовна политика;
  • Учество во креирање на маркетинг план и маркетинг активности за брендовите;
  • Понуда, промоција и презентација на етаблирани фармацевтски брендови од реномиран производител;
  • Организација и учество на стручни собири;
  • Следење и анализа на фармацевтскиот пазар.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршен Медицински, Фармацевтски или Стоматолошки факултет;
  • Искуство на претходна слична позиција од минимум 2 години ќе се смета за предност;
  • Возачка дозвола Б категорија – активен возач;
  • Искуство во креирање и извршување на Маркетинг план, вклучително план за продажба, клучни индикатори на перформанси, SWOT анализа, критични фактори на успех, ќе се сметаат за предност;
  • Искуство со креирање на маркетинг кампањи.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Познавање на MS Office пакетот и интернет пребарувачите;
  • Познавање на Англиски јазик;
  • Добри комуникациски вештини;
  • Проактивност и ориентираност кон остварување на цели;
  • Подготвеност за службени патувања;
  • Способност за тимска работа.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

Клиентот нуди можност за континуирано учење и професионално надоградување.

Доколку сте заинтересирани за отворената работна позиција, своите професионални биографии можете да ги испратите на: rabota@dekra.mk.

Крајниот рок за аплицирање е : 26/01/2021

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota@dekra.mk

Job Detail
  • Location: Macedonia
  • Expires on: 26.01.2021
  • Email for application: rabota@dekra.mk
  • Industry: Medicine, Pharmacy/Pharmaceutical, Veterinary
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.