Во име на својот клиент Hotel Macedonia Square, уреден по највисоки стандарди, со ултра модерен и високо квалитетен дизајн, ДЕКРА ја објавува позицијата:
- ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР
ОПИС НА ПОЗИЦИЈАТА
- Оперативен менаџмент на сите функции во хотелот;
- Развивање активности за подобрување и оптимизација на трошоците;
- Изготвување и ревидирање хотелски извештаи на дневна основа;
- Вршење преглед за успехот во работата и на единиците под него – храна и пијалоци, соби, администрација;
- Проектирање на кариерен пат за вработените;
- Комуникација со останатите сектори во претпријатието.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршено ВСС/ССС;
- Познавање на MS Office.
- Познавање на англиски јазик (познавање на друг јазик ќе се смета за предност);
- Претходно работно искуство со хотелски менаџмент;
- Високо изразени организациски способности;
- Способност за комуникација со луѓе на различни позиции;
- Способност за работа под притисок и работа со кратки рокови;
- Лидерски и раководни вештини;
- Способност за брзо носење одлуки.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на contact.arbeit.mk@dekra.com
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: contact.arbeit.mk@dekra.com
Job Detail
- Expires on: 02.12.2023
- Email for application: contact.arbeit.mk@dekra.com