Претпријатие со 28 годишна традиција во производство на сокови,
со пласман на над 35 пазари на 5 континенти, кое брои над 80 вработени
СОКО Горица дооел Скопје
има потреба од кандидат за следната позиција:
- Import Specialist – 1 лице
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Истражување, селекција и набавка на материјали согласно потребите на компанијата;
- Остварување на нови и одржување контакти со добавувачите.
- Преговарање за цени;
- Проценка на потребите во секторот набавка во зависност од залихите;
- Подготовка на нарачки во соодветен програм и следење на истите;
- Организирање на транспортот и негово следење
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- ВСС ( економски факултет )
- Одлично познавање на англиски јазик
- Познавање на втор светски јазик ќе се смета за предност
- Познавање на Microsoft Office
- Возачка дозвола Б категорија – активно возачко искуство
- Кандидатите со работно искуство во областа на меѓународна трговија, ќе имаат предност
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Одлични организациски и комуникациски способности;
- Способност за работа под притисок и кратки рокови;
- Способност за тимска и индивидуална работа;
- Иницијативност, посветеност, амбициозност;
- Подготвеност за работа во динамична работна атмосфера.
Објектите на претпријатието се лоцирани во нас. Драчево и нас. Пинтија, Скопје. Кандидатите со поблиско место на живеење ќе имаат предност.
Доколку сте заинтересирани за отворената работна позиција, своите професионални биографии со фотографија не постара од 6 месеци, можете да ги испратите на: hr@soko.com.mk, со назнака : “ Import Specialist ” .
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Job Detail
- Expires on: 06.06.2022
- Email for application: hr@soko.com.mk