Во име на нашиот клиент Grant Thornton Consulting DOO, дел од групацијата Grant Thornton International Limited, една од водечките организации во светот која обезбедува ревизорски, даночни и советодавни услуги, ДЕКРА ја огласува позицијата:
- ИТ Систем Администратор
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Инсталација и одржување на компјутерски мрежи и компјутерска опрема;
- Администрирање и одржување на системи за надгледување и мониторинг;
- Обезбедување aнтивирусна заштита и backup алатки и процедури;
- Одржување на Microsoft Active Directory, администрација на корисници, полиси и привилегии;
- Имплементација и мониторирање на безбедносни IT на безбедносни IT политики согласно интерните процедури;
- Водење грижа за ИТ инфраструктурата на компанијата;
- Работана проекти со дефинирани рокови и ресурси;
- Комуникација и коoрдинација на надворешни соработници;
- Обезбедување техничка поддршка на внатрешни корисници;
- Комуникација со глобалниот тим во спроведување на ИТ стратегија.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Познавање и управување со мрежни технологии;
- Microsoft Active Directory, Storage Area Networks, VMware, VCentar, MS Azure Security Products;
- MS Windows Server, MS SQL Server, MS Office;
- Антивирусна заштита, Firewall, Backup алатки и процедури;
- Одржување на Microsoft 365;
- Владеење на деловен англиски јазик, усно и писмено;
- 5 години искуство во облaста на администрирањето и одржувањето на ИТ системи.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Одлични комуникациски и меѓучовечки односи;
- Вештини за управување со стрес;
- Демонстрирање на цврста работна етика;
- Способност за филтрирање информации и проценка на приоритети;
- Способност за размислување однапред и предвидување на потребите пред да настанат;
- Способност за одржување дискреција при справувањето со доверливи или чувствителни работи;
- Самодоверба и способност за работа по своја иницијатива и со ограничен надзор.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови своите професионални биографии можат да ги испратат на rabota.arbeit.mk@dekra.com.
Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com
Job Detail
- Expires on: 16.05.2024
- Email for application: rabota.arbeit.mk@dekra.com