KEY ACCOUNT MANAGER FOR INTERNATIONAL CLIENTS

DEKRA
  • Post date 28/04/2023

Во име на својот клиент, СОКО Горица дооел Скопје, претпријатие со 29 годишна традиција во производство на сокови, со пласман на 45 пазари во светот на 6 континенти кое брои 75 вработени, ДЕКРА ја огласува следната работна позиција:

KEY ACCOUNT MANAGER FOR INTERNATIONAL CLIENTS

 ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Претставување на претпријатието пред постојани и потенцијални клиенти и одржување на комуникација со истите;
  • Организирање и спроведување на целиот продажен процес (извоз);
  • Координирање со секторите Производство, Финансии, Набавки, Логистика со цел беспрекорна реализација на сите детали во врска со нарачките;
  • Подготовка на план, извештај и анализа за продажба и стремеж кон придонесување пораст на резултатите во продажбата.

ПOТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС (Економски факултет);
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Познавање на втор светски јазик (Шпански, Француски) ќе се смета за предност;
  • Познавање на Microsoft Office;
  • Возачка дозвола Б категорија- активно возачко искуство;
  • Работно искуство во областа на меѓународна трговија.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Претпријатието е лоцирано во нас. Драчево, Скопје. Кандидатите со поблиско место на живеење ќе имаат предност.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови,  своите професионални биографии можат да ги проследат на: contact.arbeit.mk@dekra.com

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota@dekra.mk

Job Detail
  • Expires on: 28.05.2023
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.