МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК / СТРУЧЕН СОРАБОТНИК

World Medicine
  • Post date 10/11/2020

World Medicine е група на компании со централна канцеларија во Лондон, која вклучува компании со идентично име во Велика Британија, Грција, Бугарија, Турција и други земји. Се занимава со развој, производство и продажба на фармацевтски производи, а постои во повеќе од 35 земји во светот. World Medicine İlaç Sanayi ve Ticaret A.Ş. е една од овие компании лоцирана во Истанбул, Турција, која развива и произведува лекови од различни терапевтски категории.

За повеќе информации, посетете ја компаниската веб-страна: https://worldmedicine.com.tr

За потребите на претставништвото на компанијата во Скопје, потребен е:

 

МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК / СТРУЧЕН СОРАБОТНИК

 

Цели и одговорности на работното место:

  • Остварување на зададените цели на својот терен;
  • Ефективно промовирање на портфолиото за кое е одговорен;
  • Редовни контакти и посета на лекари и фармацевти;
  • Учество и поддршка на промотивни активности на својот терен;
  • Следење на активностите на конкуренцијата;
  • Поднесување на редовни извештаи за своето работење;
  • Ефективна комуникација со колегите и тимска соработка;
  • Градење на деловни релации со клиенти;
  • Активно учество и придонес во развојот на компанијата.

Потребни квалификации:

  • ВСС: Завршен Медицински, Фармацевтски или Стоматолошки факултет;
  • Работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
  • Добри комуникациски вештини;
  • Проактивност и ориентираност кон остварување на цели;
  • Подготвеност за службени патувања;
  • Способност за тимска работа;
  • Познавање на Англиски јазик;
  • Познавање на MS Office пакетот и интернет пребарувачите;
  • Возачка дозвола Б категорија – активен возач.

Компанијата нуди одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци кои сакаат да бидат дел од интернационален бизнис кој е фокусиран на секојдневна грижа за здравјето на луѓето.

Работниот однос за оваа позиција првично ce заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа. Неделното работно време е од понеделник до петок.

Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја вашата пријава на e-mail: ah@worldmedicine.mk

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota@dekra.mk

Job Detail
  • Expires on: 10.12.2020
  • Email for application: ah@worldmedicine.mk
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.