Офис Менаџер

DEKRA
  • Post date 28/07/2022

Во име на нашиот клиент  ИНТЕРЕНЕГРО, меѓународна енергетска компанија рангирана меѓу најголемите енергетски компании во Словенија, чии основни активности се тргување со енергетски производи на меѓународните енергетски и финансиски пазари, инвестиции во обновливи извори на енергија и производство, договори за купување и продажба на електрична енергија и енергетски услуги, ДЕКРА ја огласува позицијата:

  • Офис Менаџер

ОПИС НА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА

  • Активна комуникација и соработка со клиенти, соработници и институции (мејл и телефонска кореспонденција);
  • Управување со дневните канцелариски функции / активности;
  • Комуникација со надворешна сметководствена фирма и подготовка на документи;
  • Спроведување на канцелариските политики и процедури;
  • Одговарање и проследување на влезна комуникација;
  • Организирање и планирање на состаноци;
  • Други тековни работи врзани за управување со канцеларијата.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Одлично познавање и користење на англиски јазик (усно и писмено);
  • Одлично познавање и работа со MS Office пакет;
  • Претходно работно искуство во канцелариско работење.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Одговорност и уредност во извршување на секојдневните обврски;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Аналитичност, организираност и самоиницијативност;
  • Способност за истовремена работа на повеќе задачи;
  • Професионалност и дискретност.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Доколку сте заинтересирани за отворената работна позиција, своите професионални биографии можете да ги испратите на: rabota.arbeit.mk@dekra.com 

Крајниот рок за аплицирање е : 15/08/2022

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com 

 

Job Detail
  • Location: Skopje, Macedonia
  • Expires on: 15.08.2022
  • Industry: Administrative work
  • Employment Type:
    Full-time indefinite period
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.