Офицер /Специјалист за Буџетирање и Буџетско Известување

DEKRA
  • Post date 08/06/2022

Во име на нашиот клиент East Gate Mall, најголемиот трговски центар во Македонија со над 220 брендови, ДЕКРА ја огласува позицијата: 

  • Офицер /Специјалист за Буџетирање и Буџетско Известување 

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО 

  • Го развива, спроведува и следи годишниот буџет за сите оддели во   координација со раководителите на одделите;  
  • Го подготвува буџетскиот календар и го планира буџетскиот процес;  
  • Доставува информации во врска со буџетот и капиталните проекти;  
  • Се координира со шефовите на одделите за спроведувањето на буџетот;  
  • Доставува редовни извештаи до менаџментот за напредокот во однос на поставените цели и варијациите кои произлегуваат од нив и врши увид во причините за под/надпостигнување;  
  • Ги анализира сите аспекти поврзани со буџетот и финансиското работење;  
  • Обезбедува навремени и точни информации за надворешните и внатрешните ревизори кога е потребно;  
  • Предложува политики и процедури за буџетските и сметководствените процеси;  
  • Се осигурува дека сите буџетски извештаи ќе бидат подготвени и презентирани пред менаџментот навремено за да се овозможи внимателно следење на деловните перформанси и преземање на навремени корективни дејствија;  
  • Дава инпути за развој/ ги креира клучните индикатори за перформанси (КПИ), за евалуацијата на перформансите и мерење на квалитетот кои се однесуваат на вработените одговорни за буџетирањето & известувањето во рамките на финансиската контрола и ги следи нивните достигнувања на периодична основа;  
  • Го надгледува и анализира процесотна распоредувањето на алатките за буџетирање/ предвидување;  
  • Подготвува и презентира интерни буџетски извештаи во хартиенa и електронскa форма;  
  • Го подготвува за усвојување завршниот буџет ;  
  • Се осигурува дека буџетот е во согласност со политиките и статутите во координација со Финансовиот Директор;  
  • Го следи и анализира буџетот во текот на целата година и поднесува извештаи за буџетскиот статус и состојба;  
  • Ги развива/зајакнува техниките на буџетирање и предвидување и ги одржува стандардите за буџетирањето и предвидувањето на стандардите;  
  • Подготвува и презентира буџетски амандмани. 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ 

  • Претходно работно искуство од минимум 5 години на иста или слична работна позиција; 
  • Претходно работно искуство во корпоративна средина ќе се смета за предност; 
  • Завршено високо образование од областа на економија и финансии; 
  • Одлично познавање на англиски јазик (C1/C2 ниво). 

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ 

  • Добри комуникациски и организациски способности; 
  • Одлично познавање на MS Office; 
  • Познавање и работа со Pantheon и Collab; 
  • Одлични аналитички способности. 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ 

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови своите професионални  биографии можат да ги испратат на: rabota.arbeit.mk@dekra.com со назнака за позицијата за која аплицираат. 

Крајниот рок за аплицирање е 29/06/2022. 

Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор. 

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. 

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com 

Job Detail
  • Location: Skopje, Macedonia
  • Expires on: 29.06.2022
  • Industry: Finance
  • Employment Type:
    Full-time indefinite period
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.