Во име на својот клиент, еден од водечките производители на флексибилна амбалажа во Хрватска, ДЕКРА ја објавува позицијата:
- Оператор на машина за печатење ( флексо и бакро техника) во Хрватска
ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ
- Подготовка и одржување на работното место пред и по печатењето;
- Проверка на техничката исправност на машината;
- Сетирање на машината согласно работниот налог;
- Реализирање на печатење на различни техники;
- Контрола на квалитет во согласност со стандардите и нормативите;
- Самостојна работа со спектрометар и дензитометар.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Работно искуство во областа;
- Познавање на различни типови на хартии и картони, нивна спецификација, грамажа и формати;
- Разликување на различни облици на печатарски форми и процес на нивна изработка;
- Идентификација на различни типови на грешки при печатењето.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Прецизност и ориентираност кон детали;
- Мотивираност и подготвеност за живеење во странство;
- Способност за тимска работа.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Работното време е во смени ( 06:00-14:00, 14:00-22:00, 22:00-06:00). Сметувањето е обезбедено од страна на клиентот.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги проследат на: rabota@dekra.mk .
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 27/01/2022.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota@dekra.mk
Job Detail
- Expires on: 27.01.2022
- Email for application: rabota@dekra.mk