Овластен Сметководител

DEKRA
  • Post date 01/04/2021

Во име на својот клиент, извозно оренитирана компанија со долгогодишна традиција во производство, ДЕКРА ја објавува позицијата:

  • Овластен Сметководител

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Комплетно водење на сметководственото работење и контрола на истото;
  • Контрола на книжење на финансиската и материјална документација;
  • Изготвување на завршни годишни сметки;
  • Пресметка на ДДВ и данок на добивка;
  • Разновидни сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релавантни законски и регулативни прописи;
  • Подготовка на финансиски извештаи;
  • Уредно водење на документацијата во согласност со имплементираните стандарди за квалитет во компанијата;
  • Комуникација со сите релевантни државни институции.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Диплома за завршен Економски факултет;
  • Поседување на лиценца за овластен сметководител;
  • Предходно работно искуство од 3 години;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија;
  • Одлично познавање и работа со Excel.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Одлични организациски и комуникациски способности;
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови;
  • Способност за тимска и индивидуална работа;
  • Систематичен пристап кон работењето, ориентација кон детали;
  • Иницијативност, посветеност, амбициозност;
  • Подготвеност за работа во динамична работна атмосфера.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Доколку сте заинтересирани за отворената работна позиција, своите професионални биографии можете да ги испратите на: rabota@dekra.mk

Крајниот рок за аплицирање е : 15/04/2021

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota@dekra.mk

 

Job Detail
  • Expires on: 15.04.2021
  • Email for application: rabota@dekra.mk
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.