Референт за продажба

Био Медика
  • Post date 14/01/2021

Во име на својот клиент Био Медика, компанија која се занимава со продажба на медицински потрошен материјал и опрема за операциони сали, ДЕКРА ја објавува позицијата:

  • Референт за продажба

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Планирање и продажба на медицинска опрема и потрошен материјал;
  • Градење на деловни релации со нови клиенти и водење грижа за веќе постоечките клиенти;
  • Активно учество и придонес во развојот на компанијата;
  • Активно учество во целокупниот процес на продажба и набавки;
  • Управување со доверливи и деликатни информации;
  • Контролирање и процесирање на барања за набавки според спецификации, буџет и постоечки количини на лагер;
  • Ја претставува компанијата во процесите на преговарање со клиентите и барањата за набавка на потребните материјали;
  •  Дејствува како контакт лице помеѓу компанијата и добавувачите, како и интерно помеѓу одделението и крајните потрошувачи;
  • Остварување на зададените цели и пла за работа;
  • Ефективно промовирање на портфолиото за кое е одговорен;
  • Редовни контакти и посета на лекари и болници;
  • Следење на активностите на конкуренцијата;
  • Поднесување на редовни извештаи за своето работење;
  • Ефективна комуникација со колегите и тимска соработка.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Високо образование (Медициски Факултет; ПМФ- Биохемија ќе се смета за предност);
  • Претходно работно искуство од минимум 2 години на иста или слична позиција (предност е работа со медицинска опрема и материјали);
  • Поседување на возачка дозвола (Б категорија);
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Познавање на MS Office пакет.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Одлични комуникациски и презентациски вештини;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Одлично познавање на локалниот пазар и конкуренцијата;
  • Одлични преговарачки способности
  • Динамичност, посветеност и организираност во работењето;
  • Силна посветеност кон услугата на клиенти и високо развиен осет за доверливост
  • Способност за работа под притисок и почитување на рокови.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови,  своите професионални биографии можат да ги проследат на: rabota@dekra.mk .

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 02/02/2021.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota@dekra.mk

Job Detail
  • Expires on: 02.02.2021
  • Email for application: rabota@dekra.mk
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.