Специјалист за човечки ресурси

ДЕКРА
  • Post date 16/06/2022

Ние сме ДЕКРА, германска компанија која веќе 16 години е лидер на македонскиот и регионалниот пазар во областа на ХР услуги. Доаѓаме од култура каде што силно веруваме дека тимската работа води кон успех, а нашата цел е да ги споиме луѓето и работата. Растејќи континуирано, во моментов бараме нов член на нашиот тим:

  • Специјалист за човечки ресурси

ОПИС НА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА

  • Имплементација и реализација на процеси на регрутација и селекција на кадри;
  • Учество и реализација на истражувања на пазар на труд во различни индустрии;
  • Работа на проекти во областа на ЧР ( employer branding, тренинзи, проценки, организација на team building activities, работа на интернационални и регионални проекти, консултации во областа на човечки ресурси);
  • Комуникација и координација со клиенти.

КВАЛИФИКАЦИИ

  • ВСС во областа на психологија ќе се смета за предност;
  • Минимум 3 години претходно работно искуство во областа на ЧР;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Познавање на MS Office.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Насоченост кон постојан развој и подобрување на сопствените вештини и знаења;
  • Способност за самостојна работа и работа во тим;
  • Висок степен на одговорност, ефикасност и ефективност;
  • Одлични комуникациски вештини.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови,  своите професионални биографии можат да ги проследат на: rabota.arbeit.mk@dekra.com со назнака на позицијата за која аплицираат.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 04.07.2022

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com 

Job Detail
  • Expires on: 04.07.2022
  • Email for application: rabota.arbeit.mk@dekra.com
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.