СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ( замена за породилно отсуство)

БТА Македонија
  • Post date 01/09/2022

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА

Наш клиент е БТА Македонија дел од Групацијата TAВ Аеродроми. Компанија која врши угостителски услуги во 8 земји и 18 Аеродроми во Турција, Грузија, Македонија, Тунис, Латвија, Саудиска Арабија, Хрватска, Оман. Во име на својот клиент ДЕКРА ја објавува позицијата:

  • СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ( замена за породилно отсуство)

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Активно следење на законската регулатива;
  • Подготовка, развој и имплементација на политики за човечките ресурси;
  • Подготовка на договори и други акти од областа на човечките ресурси;
  • Kоординирање, организирање и водење на процесот на регрутација и селекција;
  • Подготовка на плата и дневни извештаи;
  • Пријава и одјава на вработените;
  • Воведување на нови вработени во процесот на работа;
  • Водење евиденција за отсуства на вработените (годишен одмор, боледување и др.);
  • Управување со системот за евиденција на работно време;
  • Изготвување годишен буџет за персоналот во согласност со систематизацијата на компанијата, обезбедување персонал во согласност со предвидениот број;
  • Член е на дисциплинската комисија и учествува во дисциплинските состаноци;
  • Подготовува формулари за мерење на постигнувањата на вработените и го координира процесот на оценување;
  • Организира разни настани поврзани со вработените како и тековни активности за мотивирање на вработените;
  • Изготвува извештаи за потребите на одделот и одделот за финансии;
  • Офицер за заштита на лични податоци (водење на комплетна документација и евиденција), останати обврски во контекст на правилата и процедурите на компанијата.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Висока стручна подготовка (Менаџмент на човечки ресурси, Правен факултет, Бизнис администрација или Психологија);
  • Напредно познавање на англиски јазик;
  • Задожително познавање на закони поврзани со областа.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Способност за работа во тим;
  • Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност;
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите своите професионални биографии можат да ги испратат на: job.arbeit.mk@dekra.com, со назнака за позицијата за која аплицираат.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 16/10/2022
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии, ќе се третираат со максимална доверливост.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

Job Detail
  • Location: Skopje, Macedonia
  • Expires on: 16.10.2022
  • Email for application: job.arbeit.mk@dekra.com
  • Industry: Hospitality and Tourism
  • Employment Type:
    Full-time definite period
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.