Стручен соработник

Wörwag Pharma
  • Post date 24/02/2023

Wörwag Pharma е германска фармацевтска компанија со 50 годишна традиција во работењето. На територијата на Северна Македонија и Западен Балкан компанијата е присутна 15 години.

Го прошируваме тимот во Македонија, па бараме уште еден нов колега за долгорочна соработка и вработување, поради зголемување на обемот на работа во Северна Македонија се распишува конкурс за позицијата:

Стручен соработник

ГЛАВНИ ДОЛЖНОСТИ НА ИЗБРАНИОТ КАНДИДАТ ЌЕ БИДАТ:

  • редовни посети на лекари и фармацевти ,
  • соработка, организација и учество на професионални состаноци ( вклучувајќи онлајн настани/состаноци ),
  • обезбедување и грижа за деловните перформанси на компанијата и портфолиото на производи на компанијата,
  • редовно следење на пазарните трендови поврзани со портфолио.

ОЧЕКУВАМЕ КАНДИДАТИ СО:

  • завршен Медицински, Фармацевтски или Стоматолошки факултет,
  • способност за работа со клиенти и способност за брзо решавање на предизвиците со висока работна етика, интегритет и чесност,
  • одлични комуникациски и презентациски вештини, вклучително и јавно говорење, емоционална и социјална интелигенција,
  • добри организациски вештини со способност да дејствуваат проактивно и независно,
  • совесност, доверливост и точност на работа и желба за работа на терен,
  • возачка дозвола категорија Б,
  • активно познавање на англискиот јазик,
  • одлично познавање на Microsoft Office (Word, Excel, PowerPoint, Outlook),
  • пожелно е најмалку една година теренско искуство во фармацевтската индустрија.

НУДИМЕ:

  • постојан работен однос,
  • службено возило, телефон и компјутер,
  • приспособена професионална обука и развој врз основа на проценка на таленти и лични преференци,
  • одличен (стимулативен) личен приход,
  • стабилизирање на опкружувањето на компанијата со долгорочен стратешки план во Македонија
  • работа во пријателска средина со поддршка од постоечкиот тим и одлична атмосфера,
  • работа во меѓународна компанија.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови своите професионални  биографии можат да ги испратат на milos.jovanovic@woerwagpharma.rs

Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

Job Detail
  • Expires on: 24.03.2023
  • Email for application: milos.jovanovic@woerwagpharma.rs
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.