Административен Асистент

DEKRA
  • Post date 04/10/2024

Во име на наш клиент,  реномирана странска фармацевтска компанија со седиште во Скопје, ДЕКРА ја огласува позицијата:

  • Административен Асистент

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Управување со дневните канцелариски функции / активности;
  • Спроведување на канцелариските политики и процедури;
  • Вршење нарачки на канцелариски и потрошен материјал;
  • Одговарање и проследување на влезна комуникација;
  • Одржување комуникација и деловни односи со соработници и добавувачи;
  • Прием на гости и деловни соработници и нивно спроведување до соодветен вработен / оддел / канцеларија;
  • Организирање и планирање на деловни настани во и надвор од канцеларија;
  • Активна комуникација и соработка со останати оддели во Друштвото.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено високо образование;
  • Одлична работа со компјутери;
  • Одлично познавање и работа со MS Office пакет;
  • Одлично познавање и користење на англиски јазик (усно и писмено);
  • Познавање на канцелариско и архивско работење ќе се смета за предност.
  • Возачка дозвола.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Одговорност и уредност во извршување на секојдневните обврски;
  • Аналитичност, организираност и самоиницијативност;
  • Способност за тимска работа;
  • Способност за истовремена работа на повеќе задачи;
  • Способност за работа под притисок и работа со кратки рокови;
  • Професионалност и дискретност.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: contact.arbeit.mk@dekra.com

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

Job Detail
  • Expires on: 04.11.2024
  • Email for application: contact.arbeit.mk@dekra.com
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.