Во име на нашиот клиент Мираж МК ДООЕЛ водечка компанија, доставувач на опрема и материјали за дигитално печатење во широк формат на материјали од ролна и плочести материјали, како и текстили и церади, ДЕКРА ја огласува позицијата:
- Техничар/Сервиер на принтери
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:
- Инсталација, конфигурација и одржување на печатачи;
- Обезбедување на техничка поддршка за крајните корисници;
- Постојана комуникација со клиенти;
- Поправка и сервисирање на принтери.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Завршено средно или високо образование;
- Познавање на машини за принтање и печатење;
- Комуникативна, мотивирана, стабилна личност;
- Возачка дозвола Б категорија.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: contact.arbeit.mk@dekra.com
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com
Job Detail
- Expires on: 27.10.2024
- Email for application: contact.arbeit.mk@dekra.com