Fashion Group повеќе од 15 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, а во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Springfield, Okaidi, Superdry, Timberland и други. Нашата цел од самиот почеток, па сè до денес е да му овозможиме на секој наш клиент да го изгради личниот стил и да експериментира со истиот, одбирајќи ги парчињата на светските брендови.
Нашите вредности го рефлектираат она вистинското на компанијата, но и на сите брендови чии франшизи ги претставуваме – воздигнувањето на личниот стил над модата со помош на уникатните сезонски колекции.
Вработените во нашата компанија чиј број постојано се зголемува, се тим индивидуалци и креативци кои постојано работат на развивање нови идеи за соодветно претставување на вредностите на компанијата. Постојано се обидуваме да го пронајдеме најдоброто во нашите вработени и заедно да работиме на нивните амбиции, бидејќи кога се инвестира во нивниот развој, не само што го зголемуваме нивниот професионален капацитет, туку и ја зголемуваме и успешноста на целата наша организација.
Со цел проширување на тимот Fashion Group има потреба од:
СУПЕРВИЗОР
Главни обврски и одговорности:
- Врши контрола на работењето на продажните објекти
- Утврдување на тековни потреби и одржување на објектот
- Управување со залиха и контрола на истата
- Организирање пописи (контролни и сезонски)
- Помош на продажните објекти при прием на производи
- Проверка на трговска документација
- Лице за контакт во случај на проблем во продажбата и помош на купувачите
- Утврдување на потреба од дополнителни обуки за вработените во продажба
- Месечна проверка на евиденција на попусти, резервации, фактури, сторнирани сметки
- Известување до претпоставениот на неделно ниво за затекнатата состојба во малопродажните објекти
- Го координира отворањето на нови продавници за малопродажба
- Изготвува неделни и месечни извештаи со цел следење на резултатите на продажните објекти
Образование, работно искуство и вештини:
- Снаодливост, организираност и способност за справување со повеќе работи истовремено
- Навременост, самостојност и точност во извршување на работните задачи
- Способност да изгради однос со вработените кој ќе се заснова на взаемно почитување и авторитет
- Подготвеност за брзо и ефикасно решавање на проблеми или конфликти
- Флексибилност
Ние нудиме:
- Можност да бидете дел од Компанија со одлична работна атмосфера
- Конкурентна заработка
- Можност за дополнително развивање и усовршвање преку обуки и семинари
- Пакет бенефиции за лојални вработени
Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com
Детали за огласот
- Место: Скопје, Македонија
- Истекува на: 18.05.2024
- Емаил за апликација: jobs@fashiongroup.com.mk