AГЕНТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ПОДГОТОВКА НА ПОНУДИ

DEKRA
  • Објавено на: 18/05/2022

Во име на нашиот клиент, Караџи Турс Балкан ДОО, тур-оператор и транспорт на патници, кој постои 10 години, ДЕКРА ја огласува следната позиција:

      AГЕНТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ПОДГОТОВКА НА ПОНУДИ

ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:

  • Ги прима и процесира барањата за резервации на агентите за продажба и менаџирање
  • По потреба ги подготвува понудите до комитентите или агентите за продажба
  • Извршува резервации на хотели, ресторани, туристички водичи, транспорт и слично
  • Евидентира и ажурира листа на гости во систем и ги проследува до хотелите
  • Комуницира со комитентите за потврда на резервации и промени во истите
  • Комуницира со агенти за продажба за измени во турата
  • По потреба ја следи групата на местото на настанот како логистичка поддршка од агенцијата
  • Води оперативна евиденција

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Одлично познавање на MS Office (Excel)
  • Одлично владеење на англиски јазик
  • Познавање на турски јазик (опционално)
  • Способност за брзо учење на нови системи

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:

  • Одлични организациски способности
  • Одлични комуникациски и меѓучовечки односи
  • Ажурност во извршување на работните задачи и пренесување на информации
  • Способност за размислување однапред и предвидување на потребите пред да настанат
  • Способност за одржување дискреција при справувањето со доверливи или осетливи работи

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии може да ги проследат на: rabota.arbeit.mk@dekra.com со назнака за која позиција аплицираат.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 06/06/2022 година.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

 

Детали за огласот
  • Место: Скопје, Македонија
  • Истекува на: 06.06.2022
  • Индустрија: Угостителство и туризам
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.